ПОВЕЌЕ

    Еве колку пари ќе добијат земјите членки на ЕУ

    Време зa читање: 2 минути

    Италија и Шпанија ќе бидат најголемите добитници на фондот за наплата, договорен од Европската унија минатиот месец, од кој 750 милијарди евра ќе бидат распределени на земјите-членки во форма на грантови и заеми.

    Официјално, се уште не е објавена распределбата на парите од пакетот, за кој ќе одлучуваат европските парламентарци. 

    Сите овие бројки сè уште се предмет на промена во Европскиот парламент.

    Според Блумберг, Италија ќе добие 44,8 милијарди евра грантови, следена од Шпанија со 43,4 милијарди. Овие две земји се најпогодени од ковид-19.

    Други големи добитници се Франција и Грција, а Хрватска е во „топ 10“.

    Германија ќе добие 15,2 милијарди евра грантови од ЕУ, а властите во таа земја планираат да ги искористат тие пари за да избегнат дополнително задолжување, пред да финансираат нови иницијативи за поддршка на економскиот раст.

    Список на земји со средства наменети за нив за 2020 и 2021 година:

    Грантови (во милијарди евра)

    • Италија – 44,8
    • Шпанија – 43,4
    • Франција – 22,7
    • Полска – 18,7
    • Германија – 15,2
    • Грција – 12,6
    • Романија – 9,5
    • Португалија – 9,1
    • Бугарија – 4,3
    • Хрватска – 4,3
    • Унгарија – 4,3
    • Словачка – 4,3
    • Холандија – 3,7
    • Белгија – 3,4
    • Чешка – 3,3
    • Шведска – 2,7
    • Австрија – 2,1
    • Литванија – 2
    • Финска – 1,5
    • Летонија – 1,5
    • Данска – 1,2
    • Словенија – 1,2
    • Ирска – 0,8
    • Кипар – 0,8
    • Естонија – 0,7
    • Малта – 0,2
    • Луксембург – 0 , 1
    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично