ПОВЕЌЕ

    Запознајте го успешниот тим на КБ Прво пензиско друштво

    Време зa читање: 2 минути

    Горан Мартиноски е Раководител на секторот за управување со средства, со 15 годишно искуство во областа на инвестирањето и финансиските пазари, од кои повеќе од 8 години на местото Раководител на сектор во КБ Прво. Тој е член на Инвестициски одбор на Друштвото веќе 11 години.

    Па, како Горан би го опишал својот работен ден во Друштвото?

    “Најпрво денот ни почнува со дневен состанок со колегите од тимот на кој го разгледуваме дневниот преглед на домашниот и светските пазари на капитал и најновите макроекономски движења. На состанокот договараме за инвестициите и останатите активности кои треба да се направат во текот на денот. Во текот на работното време ги следиме пазарите на капитал и ги извршуваме тековните активности, секако и со шоља кафе ги анализираме и дискутираме најновите трендови во индустиријата.”

    Која е за Горан најголема мотивација во работата?

    “Дека создаваме вредност. Секогаш се радувам кога правиме пресметки за идните пензии на нашите членови и кога бројките покажуваат дека сме на вистинскиот пат. Нема поголема среќа и мотивација да продолжиме понатака и да го унапредуваме пензискиот систем. Признанијата кои ги имаме добиено во изминатиов период од реномирани маѓународни авторитети од индустиријата е поттик секогаш да се трудиме да останеме лидери на пазарот и да ги имплементираме светските практики во нашето работење.”

    Зoшто КБ Прво?

    “КБ Прво, како што кажува и името, секогаш први и секогаш подготвени за иднината. Одличниот тим и прогресивните идеи е она што прво го помислувам за моето Друштво.”

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично