Пченица и пченка има повеќе од доволно, истакна претседателот на Србија, Александар Вучиќ во вонредното обраќање. Вучиќ додаде дека сеидбата била одлична, а во моментов имаат двојно повеќе пченица и пченка отколку што и треба на Србија.
– Добивме барање од Македонија и ќе им доставиме затоа што имаме повеќе од доволно. За сите земји во регионот. Имаме доволно мелено пченица, доволно ни е брашното. Апсолутно нема да имаме проблеми со пченицата и пченката. Кога зборувам за пченка, мислам и на фуражна пченка, така што нема да недостасува ништо и за сточниот фонд. Донесовме одлука дека сè уште нема да го ограничуваме извозот, бидејќи нашите земјоделци треба да заработат. Подготвивме мерки за ограничување на извозот на пченица и пченка на 20 отсто од вкупното производство доколку има потреба. Но, засега немаме апсолутно никакви проблеми – рече тој.
Вучиќ посочи дека Македонија има побарано испорака на 50 000 тони пченица и 25 000 тони пченка.
-Тие купуваат пченка од нас и секогаш ќе имаме и за регионот, и за нас, и за Македонија, и за Црна Гора, и за Албанија, и за БиХ, изјави Вучиќ.