УНИ Банка деновиве понуди нови и многу поповолни услови за станбени кредити за физички лица. Со обновената понуда „Нов дом“, сега клиентите на УНИ Банка ќе имаат можност релаксирано да инвестираат во купување на стан или куќа, доградба на станбен простор или рефинансирање на станбен кредит во друга банка.
Карактеристиките на станбеиот кредит ви ги даваме подолу преземени од интернет-страницата на Уни Банка:
Износ на кредитот
Согласно кредитоспособноста на клиентот во висина на купопродажната цена согласно преддоговор за купопродажба, односно до 75% од вредноста на понуденото обезбедување.
Дополнително по доставено барање:
-лимит на кредитна картичка,
-дозволено пречекорување,
-бесплатно мобилно банкарство.
Намена на кредитот
-Купување на стан/куќа,
-Доградба/надградба на станбен простор во согласност со доставен проект и дозвола за градба,
-Рефинансирање на станбен кредит во друга банка.
Kаматна стапка
При одобрувањето, висината на каматната стапка е определена од редовните месечни приливи (плати, закупнини) по сметката за плаќање на клиентот во Банката, не пониски од 10.000,00 мкд
Клиенти со редовни месечни приливи (плати, закупнини) во Банката, не пониски од 10.000,00 мкд
3,35% фиксна за првите 7 години
5,35% променлива за останат период
Променлива к.с – едномесечна стапка за ЕУРИБОР – просечна за периодот помеѓу две последователни утврдувања на каматните стапки (за период од 01.07.2019-31.12.2019 = -0,37%) + 5,72 п.п., но не пониска од 5,35%
Други клиенти
5,50% фиксна за првите 7 години
7,50% променлива за останат период
Променлива к.с – едномесечна стапка за ЕУРИБОР – просечна за периодот помеѓу две последователни утврдувања на каматните стапки (за период од 01.07.2019-31.12.2019 = -0,37%) + 7,87 п.п., но не пониска од 5,35%
Рок на враќање
До 360 месеци со можност за вклучен грејс период до 12 месеци
Трошоци
Без трошоци за разгледување на кредитното барање
Без надомест за одобрување
Провизија за предвремено враќање
0% провизија за предвремена отплата од сопствени средства
5% при рефинансирање на кредит од друга банка
Обезбедување
Хипотека на недвижен имот
Критериуми
Клиенти со возраст од минимум 18 години до максимално 70 години, вклучувајќи го периодот за отплата на кредитот;
Корисник на кредитна картичка од банката;
Дополнителни приходи кои можат да се документираат се земаат во предвид при оценка на кредитоспособноста на клиентите по оценка на Банката.
Документи
1. Документи за финансиска кредитоспособност на клиентите
Барање за кредит;
Изјава за поврзани субјекти за кредитобарател и ко-кредитобарател/и;
Лична карта на кредитобарателот/ко-кредитобарателот;
Потврда за вработување и лични примања / Изјава-Согласност за ставање на административна забрана и Административна забранa на кредитобарател и ко-кредитобарател/и (по два примероци за секој кредитобарател);
извод од трансакциска сметка со евидентирани приливи од плата за последни 3 месеци (за клиенти вработени во приватен сектор без плата во УНИБанка);
Договор за работен однос односно М1/М2, само за клиенти вработени во приватни фирми (доколку е потребно);
Други документи за докажување на приход
Договори за други кредитни односи
2. Документи за имотот
Лична карта од сопствениците на имотот
Документ за сопственост на имотот кој се става по хипотека (Имотен лист)
Документ за семејната состојба на сопствениците на имотот, предложен за обезбедување (извод од матична книга на венчани или извод од матична книга на родените).
* Не е задолжително при поднесување на барањето но клиентот мора да го има за пред нотар
Дополнителни документи по барање на банката.