ПОВЕЌЕ

    „УМРЕНИОТ“ iPhone 16 може да се обнови безжично со користење на друг iPhone

    Време зa читање: 2 минути

    Ако некогаш сте се соочиле со проблеми како мртов ајфон, односно поцрнет екран и телефон кој не може да се стартува, има boot-loop или се работи за „брикирање“, новите модели на iPhone 16 ќе можат да го обноват својот софтвер безжично благодарение на RecoveryOS. Оваа функција ќе овозможи iPhone 16s безжично да се обнови со помош на друг iPhone или iPad кој има iOS 18/iPadOS 18.

    RecoveryOS е достапен подолго време на уредите Apple Watch и Apple TV и добро е да се види дека Apple конечно го донесе на својот најпопуларен уред – iPhone. Според новиот извештај, корисниците на iPhone 16 ќе можат едноставно да го постават својот погоден уред врз друг iPhone или iPad (поврзан на Wi-Fi и Bluetooth), кои потоа ќе ја преземат најновата достапна верзија на iOS и безжично ќе ја префрлат на погодени iPhone.

    Новите модели на iPhone 16 наводно доаѓаат со посебна партиција за обновување која управува со целиот процес дури и ако главната партиција на iOS не е подигната. Останува да се види дали RecoveryOS бара дополнителни хардверски функции и дали ќе се пробие до постарите iPhone-и и iPad-и.

    9to5Mac известува дека можел да симулира кога iPhone 16 влегува во режим за обновување во iOS 18, што очигледно им овозможува на корисниците едноставно да го стават iPhone 16 до друг iPhone или iPad за да започнат со обновување на фирмверот преку воздух. Другиот уред презема нов фирмвер за iOS и го пренесува на уредот кој има проблем, отстранувајќи ја потребата да се поврзе со компјутер.

    Додека iOS 18 му овозможува на секој компатибилен уред да помогне во обновувањето на нефункционалниот iPhone, се чини дека безжичната реставрација моментално е ограничена на моделите на iPhone 16. Најновите уреди на Apple очигледно се опремени со посебна партиција за обновување, способна да управува со целиот процес на реставрација независно од статусот на главната партиција на iOS.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично