ПОВЕЌЕ

    Ирскиот бенд „Ју-ту“ инвестира во технолошки фонд „тежок“ 100 милиони евра

    Време зa читање: < 1 минутa

    Дејв Еванс, познат како „Еџ“ и Адам Клејтон, од рок групата „Ју ту“, поддржуваат нов Фонд за технологија во Ирска, кој има за цел да собере 100 милиони евра (112 милиони американски долари).

    Фондот „Импакт Ирска“ обезбеди околу 50 милиони евра во првиот круг на прибирање на средствата, кој започна во септември 2019 година, а заврши во мај 2020 година. Вториот круг на прибирање финансиски средства веќе е во тек.

    Фондот ќе биде наменет за инвестиции во компании од Ирска за одредени сектори како што се образованието, здравството, храната и земјоделството, како и енергијата и животната средина.

    „Импакт Ирска“ ќе инвестира во 15 потенцијални ирски компании, ставајќи меѓу 1 до 25 милиони евра во секој од потенцијалните бизниси.

    „Импакт Ирска“ исто така ќе инвестира во компаниите „водени од профит“ кои ги унапредуваат целите за Одржлив развој на Обединетите нации.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично