ПОВЕЌЕ

    ТТК Банка со важно известување за исплата на паричните права од социјална и детска заштита

    Време зa читање: 2 минути

    Од 4.11.2020 година (среда) ТТК Банка АД Скопје ќе започне со исплата на паричните права од социјална и детска заштита за корисниците кои ја примаат паричната помош на нивната денарска сметка во Банката.

    Корисниците на Visa дебитните картички ќе можат да располагаат со средствата од 4.11.2020 г. (среда), преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа.

    За корисниците кои не поседуваат дебитни картички, имајќи ги предвид актуелните мерки за заштита од коронавирусот, исплатата ќе се врши во периодот од 4.11.2020 г. (среда) до 6.11.2020 г. (петок) во согласност со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето:

    • 4-ти ноември (среда) – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ;
    • 5-ти ноември (четврток) – И, Ј, К, Л, Љ, М, Н, Њ, О;
    • 6-ти ноември (петок) – П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.

    Апелираме корисниците коишто не поседуваат дебитна картичка да се придржуваат до утврдениот распоред и при посетата на деловната мрежа да поднесат апликација за изработка на VISA CLASSIC дебитна картичка со што ќе имаат брз, лесен и едноставен пристап до своите средства во секое време.

    Во случај на неопходна посета на филијалите и експозитурите на Банката задолжително е носење лична заштитна опрема на лицето (заштитна маска, марама или шал), држење на пропишаното минимално растојание и дезинфекција на рацете.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично