ПОВЕЌЕ

    ВО ГРАДОТ ПОД ШАРА НЕ СЕ ШТЕДИ НА ПЛАТИ ЗА ВРАБОТЕНИ: ТЕТОВО со највисока просечна плата на ТОП 10 компаниите

    Време зa читање: 4 минути

    Поединечната анализа по градови на компаниите кои исплаќаат највисоки просечни плати не доведе до Тетово. Ова е градот кој го има највисокиот просек на топ 10 компаниите, а согласно финансиските извештаи иако короната во голема мера ги пореметила финансиските текови, сепак потенцијалот е сеуште присутен, a интересен е податокот што за прв пат во топ 10 имаме еден фудбалски клуб. Во продолжениe и анализа на податоците кои ги генерираше Бизнисмрежа.мк

    Последната финансиска година кај половина од оваа група на компании го успорила растот, а исто така не се евидентирани ни некои позначителни порасти кај останатите компании.

    НазивПриходи 2020 Приходи 2019 Раст%
    ЕКОЛОГ7.932.610 9.078.975 -12,63%
    ФK ШКЕНДИЈА2.544.691 3.196.255 -20,39%
    АВИЦЕННА4ИТ1.003.945 868.866 15,55%
    ПИЦКАТАЛЕ915.863 897.994 1,99%
    ЕУРОПЕАН ПЛАНТС3.475.941 4.685.554 -25,82%
    ЛИНКЕР ГРОУП978.593 1.084.129 -9,73%
    КАБИ ИНВЕСТ631.609 1.305.864 -51,63%
    СЕНТИС АГ5.786.263 5.603.026 3,27%
    КООРДЕА АУТСОРСИНГ881.666 870.935 1,23%
    ИТАЛУКС1.596.294 1.413.324 12,95%

    Износите се изразени во евра | Извор на податоци: БизнисМрежа.Мк

    Лидер во ова друштво според остварени вкупни приходи за 2020 година е компанијата Еколог. Оваа компанија е инвестиција на Ecolog International од Дубаи и покрај падот од 12.6%, сепак останува лидер со вкупна реализација од скоро 8 милиони ЕУР. Веднаш позади неа се наоѓа компанијата Сентис АГ, која има приходи од 5.7 милиони ЕУР и годишен раст од 3.2%. На ниво на топ 10 сегмент има значителен пад на приходи од 3.2 милиони ЕУР. Останатите компании секоја на свој начин пронаоѓала решенија за излез од кризата, а притоа својот потенцијал за раст го остварила компанијата Авиценна4ИТ, која надмина 1 милион ЕУР приходи, со годишен раст од над 15%. Од друга страна, градежната компанија Каби Инвест евидентирала огромен пад на приходите од над 50%, но тука може да важи истата девиза како и за компанијата Жикол(од предходната анализа).

    По се изгледа дека профитабилноста на овие 10 компании е во втор план и можеби долгорочните планови се во насока на постојано инвестирање и вложување во квалитетни капацитети(пред се човечки), а плодовите од макотрпната работа ќе се собираат со одредено закаснување, што е и нормален процес во развој на една компанија.

    НазивДобивка 2020 Добивка 2019 Раст%
    ИТАЛУКС228.506 227.003 0,66%
    ЕКОЛОГ224.536 175.183 28,17%
    АВИЦЕННА4ИТ223.730 273.150 -18,09%
    СЕНТИС АГ162.336 42.076 285,82%
    ЕУРОПЕАН ПЛАНТС128.158 170.180 -24,69%
    КАБИ ИНВЕСТ109.012 21.263 412,69%
    ФK ШКЕНДИЈА58.613 (124.882)/
    КООРДЕА АУТСОРСИНГ15.144 3.118 385,65%
    ЛИНКЕР ГРОУП3.789 37.241 -89,83%
    ПИЦКАТАЛЕ(38.948)62.310 -100,00%

    Износите се изразени во евра | Извор на податоци: БизнисМрежа.Мк

    Вкупно остварената добивка на сите 10 компании едвај надминува 1 милион ЕУР, што е подобар резултат од 2019 година, но сепак и тука има 4 компании(Линкер Гроуп, Еуропеан Плантс, Пицкатале и Авицена4ИТ ) кои оствариле пониско ниво на нето добивка, а токму Пицкатале е динствениот загубар во оваа категорија. Иако навидум процентите,како за пад така и за пораст, делуваат огромни, сепак апсолутните промени во износите и не се така големи. Според остварена добивка има 3 компании кои го одржуваат нивото а тоа се: Еколог, Авицена4ИТ и Италукс. Сите тие имаат остварена добивка од над 200.000 ЕУР.

     

    Клучниот сегмент од оваа анализа е нивото на плати кои се исплаќаат кај овие 10 компании. Имено, токму оваа група го има највисокиот просек од сите предходни анализи по градови и градот и вработените треба а бидат благодарни за тоа што постојат овие компании, а пак пред компаниите стои одговорноста за одржување на бизнис моделите кои носат зголемено ниво на благосостојба кај поединците. Просекот на исплатена нето плата кај топ 10 компаниите изнесува 48.710 денари.

    НазивПросечна плата по вработен 2020 Вработени 2020 Вработени 2019 Раст %
    ЕКОЛОГ87.960 2182056,34%
    ФK ШКЕНДИЈА86.389 54205-3,57%
    АВИЦЕННА4ИТ53.192 292420,83%
    ПИЦКАТАЛЕ45.469 504025,00%
    ЕУРОПЕАН ПЛАНТС39.596 158162-2,47%
    ЛИНКЕР ГРОУП38.922 15150,00%
    КАБИ ИНВЕСТ37.259 12771,43%
    СЕНТИС АГ35.324 60559,09%
    КООРДЕА АУТСОРСИНГ31.798 72720,00%
    ИТАЛУКС31.188 19185,56%

    Износите се изразени во денари | Извор на податоци: БизнисМрежа.Мк

    Највисока просечна плата во Тетово исплаќа компанијата Еколог од 87.960 денари, а веднаш зад неа е фудбалскиот клуб Шкендија со просек од 86.389 денари. Во топ 10 компаниите нема ниту една која има пониска просечна плата од 500 ЕУР. Ваквите движења се препознаени од страна на жителите на Тетово и околниот регион, па така својата егзистенција во овие 10 компании пронашле 687 вработени. Во тој сегмент најголем работодавец е повторно Еколог со 218 вработени, што претставува пораст од 6.3% во однос на 2019 година. Следен голем работодавец е холандската иновативна компанија за одгледување на земјоделски растенија Еуропен Плантс со 158 вработени. Кај останатите нема некои поголеми апсолутни промени во бројот на вработени.

    На крај мора да им се честита и на локалните власти за привлекување на странски капитал и уште повеќе што таквите инвестиции ги следат светските трендови на квалитет, а пред се и адекватен финансиски надомест за вработените.

    Редакција Пари

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично