ПОВЕЌЕ

    Швајцарската банка „Credit Suisse“ затвара 37 филијали

    Време зa читање: 2 минути

    Швајцарската банка „Credit Suisse“ објави дека планира да затвори 37 филијали во матичната земја, како дел од напорите да го направи работењето  поефикасно, додавајќи дека затворањето на голем број работни места е неизбежно.

    Банкарскиот гигант изјави дека најавените измени треба да бидат реализирани до крајот на тековната година, со што ќе се намали бројот на филијали во Швајцарија на 109 од сегашните 146.

    Дел од ова намалување се должи на спојувањето на работењето на нивната подружница „Neue Aargauer Bank AG”, во северниот кантон Арау, со работењето на „Credit Suisse”. Банката во соопштението додаде дека во последните две години бележи пораст на употребата на онлајн банкарството за 40 проценти, додека употребата на својата услуга за мобилно банкарство е зголемена повеќе од двојно.

    Исто така, во соопштението банката нагласува дека корона кризата дополнително ги забрза овие трендови и дека бројот на посети на клиентите на филијалите опаѓа со години наназад.

    Швајцарскиот кредитор е дециден на ставот дека „намалувањето на вработените е неизбежно“ и во „Neue Aargauer Bank AG” и во „Credit Suisse”, но не објави конкретни бројки, истакнувајќи дека се водат разговори со претставниците на вработените за да се најдат работни места за што е можно повеќе луѓе во друга банкарска групација или на друго место.

    „Credit Suisse” предвидува дека ќе ги намали трошоците и ќе успее да заштеди околу 100 милиони швајцарски франци (110 милиони долари) почнувајќи од 2022 година.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично