ПОВЕЌЕ

    СТРУЈАТА МОЖЕ ДА ПОСКАПИ ЗА 27 НАСТО, пристапот кон мрежа нема да е трошок за граѓаните

    Време зa читање: 3 минути

    Цената на струјата може да се зголеми за 27 проценти, доколку се прифатат барањата од МЕМО, МЕПСО и Електродистрибуција. Ќе се прават анализи за цената, а исходот се очекува до крајот на следната недела, посочи претседателот на Регулаторната комисија за нергетика, Марко Бислимовски, кој воедно најави и максимална транспарентност.

    Понудата на ЕСМ е 57 за разлика од досегашните 53 евра за мегават час. Освен тоа, наместо стонастотно обезбедување на потрошувачите, ќе се обезбедат 95 проценти за домаќинствата.

    „Според нашите првични пресметки, доколку се прифатат барањата од сите, зголемувањето на електрична енергија би изнесувало 27 насто“, вели првиот регулатор, кој е дециден – „ќе бидеме максимално транспарентни и нема да дозволиме граѓаните да почувствуваат ценовен шок“.

    Регулаторна почнува со анализа на барањата .ж

    „Очекувам дека до крајот на следната недела ќе ги донесеме цените за МЕПСО за пренос, за МЕМО за организирање на пазарот и за Електродистрибуција за дистрибуција на енергијата до потрошувачите. Потоа ЕВН ќе достави цена која треба да биде ја помине контролата во РКЕ и нашата одлука ќе биде обврзувачка за нив“, вели Бислимовски, кој воедно посочува на зголемените трошоци за набавка на електричната енергија, бидејќи ЕВН ќе ги набавува на слободен пазар оние пет проценти кои нема да му ги испорача домашниот ЕСМ. Во моментот се работи за цена од 130 до 140 евра за мегават час, многу повеќе од загарантираните 57 евра за мегават час.

    Нема нов трошок за граѓаните, тврдат од РКЕ за воведувањето на пристап кон мрежа. Се работи за нов модел кој нема да претставува ниту дополнителен приход за ЕВН, МЕПСО и Електродистрибуција.

    „Со воведувањето на пристапот кон мрежа, тоа нема да биде нов трошок. Ние регулираме максимален редовен приход. Парите кои ќе се соберат од пристап до мрежа нема да бидат зголемување на вкупните приходи, тие нема да бидат дополнителни приходи. Ќе бидат во рамките на одобрениот приход“, вели Бислимовски.

    Споре него, воведувањето на пристапот кон мрежа ќе значи намалување на цената за мрежарина, односно дистрибуција за електрична енергија. „Ниту денар повеќе од приходот кој го пресметува РКЕ нема да им се даде на тие компании. Нема да биде екстра давачка“.

    Меѓу причините за оваа реформа е и изградбата на фотоволтаици. За да се заштитат граѓаните кои немаат средства да стават панели на покривите, но пред се, за тие што имаат викендици, напуштени куќи и за иселеници, кои со години не доаѓаат во Македонија. Парите од овој надомест, тврди Бислимовски, ќе придонесат за намалување на цената за дистрибуција на електричната енергија.

    „Потрошувачите со оваа мерка се заштитени и им се намалува трошокот за мрежарина. Има голем број домаќинства кои трошат минимална енергија или еднаква на нула, какви што се викендиците. Редовните потрошувачи досега ги покриваа трошоците за одржување на мрежата на сите останати и на оние кои воопшто не вклучиле струја во објектот. Иселениците, оние сопственици на напуштени куќи, ќе плаќаат повеќе, а на оние што се греат на струја ќе им се намали мрежарината. Исто е и кај потрошувачката кај блоковите, некој ќе троши само во евтина тарифа, а трошокот за дистрибуција ќе му биде голем“, појаснува професорот Рубин Талевски.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично