ПОВЕЌЕ

    Што се случува со вредноста на криптовалутите?

    Време зa читање: 2 минути

    Вредноста на криптовалутата и целиот пазар, моментално е нерационален. Никој не знае што точно ќе се случи и што е тоа што ги вози главните параметри во позадина. 

    Затоа и никој не може да даде паметни совети, базирани на рационална основа. Секој што ќе ви даде совет, знајте дека доаѓа од шпекулативна природа, која не е поткрепена на долгорочни финансиски податоци.

    Доколку се мислите дали да инвестирате во нова криптовалута која сака да биде конкурент на биткоин или ripple, тогаш внимателно истражете ја позадината на тимот и обидете се да разберете колку можете, технологијата која ќе се одвива во позадина.

    Кој е проблемот кој оваа нова криптовалута сака да го реши? Бидејки за да биде една криптовалута подобра од останатите, треба да презентира есенцијално решение, кое што неможе да се реши со останатите алтернативи. 

    Бидејки самата блокчејн технологија е во раните фази, и развојот на елементите кои ја прават блокчејн комплексна, се моментално спори. Самиот факт што некоја криптовалута се обидува да реши проблем, треба да ве натера да размислувате дали воопшто предложеното решение треба да биде на блокчејн.

    Доколку размислувате дали да инвестирате, не бидете импулсивни. Внимателно разгледајте ги опциите, направете анализа, и направете го вистинскиот потег.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично