ПОВЕЌЕ

    Соработка Народна банка – Државен архив: Ќе се истражуваат архивските фондови за развојот на македонското банкарство

    Време зa читање: < 1 минутa

    Еден од резултатите на Меморандумот за соработка, склучен помеѓу Народната банка и Државниот архив, ќе биде истражувањето на архивските фондови во Државниот архив кои се однесуваат на банките и банкарските организации значајни за стопанскиот развој на нашата држава низ историјата.

    Со Меморандумот се обезбедува натамошно зацврстување и проширување на соработката и се определува сферата на заеднички интереси во истражувањето, собирањето, обработувањето, евидентирањето, чувањето и промовирањето на архивскиот материјал значаен за централнобанкарската историја, за финансиските состојби, за развојот на банкарството и економијата во државата. Со официјализирањето на заемната соработка, двете институции ја истакнуваат заложбата за промовирање на архивските материјали како позитивен пример на општествена одговорност, на етички и професионален однос.

    Соработката на Народната банка со Државниот архив на Република Северна Македонија придонесува и кон зачувување на економската историја, како корисна алатка за финансискиот сектор којашто може да придонесе за подобрување на благосостојбата во општеството, но и како колективна меморија и културно наследство.

     

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично