ПОВЕЌЕ

    СОМНИТЕЛНО: Забележани дронови од непознато потекло над норвешката нафтена инфраструктура

    Време зa читање: 2 минути

    Норвешката домашна безбедносна агенција отвори истрага за нови видувања на беспилотни летала во близина на клучните инфраструктурни локации само неколку часа откако аеродромот Берген, кој е во близина на главната поморска база на Норвешка, накратко беше затворен поради забележани дронови, јавува Асошиетед прес. „Можеби тие служат за набљудувања на некои други феномени, на пример времето. Сигурни сме дека има најмалку еден“, го цитира Aсошиејтед прес портпаролот на полицијата во Берген, Орјан Ѓувик.

    Според заменик-началникот на норвешката полициска служба за безбедност Хедвиг Мое, во последниве месеци биле пријавени бројни видувања на беспилотни летала во близина на платформи за нафта и гас и друга норвешка инфраструктура.

    „Ние веруваме дека (летовите со беспилотни летала се) извршени на начин што го отежнува откривањето кој навистина стои зад тоа, иако норвешките власти се сомневаат на руската вмешаност во управувањето со беспилотни летала кои може да се користат за шпионажа или едноставно за создавање страв. Русија едноставно има повеќе да добие, а помалку да изгуби со спроведување на разузнавачки активности во Норвешка сега во споредба со ситуацијата пред војната. Тоа е едноставно затоа што Русија е во притисната ситуација како резултат на војната (во Украина) и е изолирана со санкции. Ние сме во тензична безбедносно-политичка ситуација, а во исто време сложена и нејасна слика за закана која може да се промени за релативно кратко време“, изјави Мое, цитиран од агенциите.

    Седум руски државјани биле приведени во последните неколку недели поради летање со беспилотни летала или фотографирање на чувствителни места во Норвешка.

    Имено, во средата, 47-годишен маж со двојно руско и британско државјанство беше осуден на две недели затвор под сомнение дека летал дронови на норвешкиот арктички архипелаг Свалбард. Човекот е обвинет за кршење на санкциите кои стапија на сила откако Русија водеше војна против Украина. На авионите со кои управуваат руски компании или граѓани им е забрането „да слетуваат, полетуваат или летаат над норвешка територија“ според норвешкиот закон, кој често е координиран со Европската Унија.

    Аеродромскиот оператор Avinor откри дека досега оваа година на цивилните аеродроми во Норвешка се пријавени 50 можни набљудувања со беспилотни летала, што е речиси тројно повеќе од 17-те забележани во 2021 година.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично