ПОВЕЌЕ

    СО 4,1 МИЛИОН ЕВРА ПОВЕЌЕ ОД 7.000 ДОМАЌИНСТВА ЌЕ ДОБИЈАТ ВАУЧЕРИ ЗА ИНВЕНТЕРИ – Економија утре ќе објави оглас

    Време зa читање: 3 минути

    Огласот за добивање финансиска поддршка за набавка и вградување високоефикасни инвертер клима уреди Министерството за економија ќе го објави утре. Ќе се доделуваат ваучери, а целта е на овој начин да се придонесе за зголемување на енергетската ефикасност во домовите и остварување заштеди на електрична енергија, согласно програмите за поттикнување енергетска ефикасност на домаќинствата и за заштита на ранливите потрошувачи на енергија, што за оваа година ги донесе Владата. За реализацијата на оваа активност се предвидени 255 милиони денари или 4,1 милион евра, соопшти минстерот Крешник Бектеши.

    Притоа, посочи тој, ќе важи условот „прв дојден – прв услужен“. Едно лице од едно домаќинство може да поднесе само едно барање за добивање потврда – ваучер за купување и вградување високоефикасни инвертер клима уреди. Исто така, едно домаќинство може да поднесе барање само за една од програмите.

    Планот е да се доделат повеќе од 7.000 ваучери за инвертер – клима уреди.

    „Согласно Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија, лицата со ниски примања за самец со вкупни приходи до 21.000 денари, домаќинство со два члена со вкупни приходи од 30.000 и домаќинство со три члена со вкупни приходи од 35.000 денари, ќе може да добијат ваучер во вредност од 27.000 денари во бруто износ по домаќинство, со вклучен ДДВ за купување и вградување високоефикасни инвертер клима уреди. Лицата со ниски примања за домаќинство со четири члена со вкупен приход од 40.000 денари и домаќинство со пет члена и повеќе со вкупен приход од 45.000 денари ќе може да добијат ваучер за инвертер клима во вредност од 30.000 денари во бруто износ по домаќинство, со вклучен ДДВ“, образложи Бектеши, додавајќи дека вкупните средства за реализација на оваа програма се во износ од 45 милиони денари или 73 илјади евра буџетски средства.

    Согласно Програмата за поттикнување на енергетската ефикасност, како што наведе, ваучер во вредност од 25.000 денари по домаќинство, со вклучен ДДВ, ќе добијат тие кои живеат на територијата на општините на Пелагонискиот регион – Битола, Демир Хисар, Кривогаштани, Крушево, Могила, Прилеп, Ресен, Новаци, Долнени и Југозападниот регион – Вевчани, Дебар, Дебрца, Кичево, Македонски Брод, Охрид, Пласница, Струга, Центар Жупа. За оваа намена се предвидени 100 милиони денари, односно 1,62 милиони евра.

    „Ваучер во износ од 23.000 денари по домаќинство, со вклучен ДДВ, ќе добијат домаќинствата кои живеат во Скопскиот, Источниот, Југоисточниот, Североисточниот, Вардарскиот и Полошкиот регион, за што се предвидени вкупно 110 милиони денари или 1,78 милиони евра“, посочи Бектеши.

    Услов за остварување на правото за учество на овој оглас е во изминатите три календарски години домачинствата да не користеле средства од било кој извор за надомест на трошоците за грејни уреди – печки на пелети или високоефикасни инвертер клима уреди и да немаат приклучок на градско централно греење во станбениот објект каде што ќе биде инсталиран уредот.

    Освен тоа, уредот треба да се купи и да се вгради во текот на оваа година, најдоцна до 30 ноември.

    Бектеши укажа дека набавениот уред задолжително треба да има минимум COP 3.0, да грее на надворешна температура од -15 степени Целзиусови и да биде најмалку А+ енергетска класа за потрошувачка на електрична енергија за греење.

    Паралелно со ова, Министерството за економија ќе објави и јавен повик за пријавување интерес од страна на компаниите кои вршат трговија со висококвалитетни инвертер – клима уреди со дефинирани услови што ќе треба да ги исполнуваат, а со кои потоа ќе биде склучен договор.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично