ПОВЕЌЕ

    Нов рекорд за цената на златото

    Време зa читање: < 1 минутa

    Цената на златото постави нов рекорд, бидејќи инвеститорите вложуваат се повеќе пари во овој скапоцен метал пред се поради стравувањата од влијанието на корона кризата врз светската економија и дополнителното влошување на односите меѓу САД и Кина.

    Цената на унца злато за еден ден порасна за 1%. Златото забележа добивка и покрај малото засилување на доларот.

    Вредноста на златото порасна над 30% оваа година.

    Скапоцениот метал сјае во полн сјај и скокна на 2.058 долари за унца, со што го сруши претходниот рекорд од 2.030 американски долари поставен пред неколку денови. Цената на златото шретходно ги урна највисоките вредности уште од септември 2011 година за време на финансиската криза.

    Златото веќе долго време се смета за безбеден финансиски рај.

    Благородниот метал доби на цена и поради новите тензии меѓу САД и Кина, и покрај тоа што двете страни ја имаат првата фаза од трговскиот договор.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично