ПОВЕЌЕ

    Први награди за Најдобри работодавачи во Македонија!

    Време зa читање: 2 минути

    Првиот македонски сајт за пребарување на работни места Вработување.ком, ја најавува манифестацијата РАБОТОДАВАЧ на Годината, која ќе се случи на 27 април (четврток) 2023 во Хотелот Лимак.

    На оваа манифестација ќе бидат доделени наградите за Најпосакувани работодавачи во Македонија, односно најпривлечни компании за вработување и тоа во следниве 8 категории:

    • Награди за најпосакуван работодавач во категориите маркети, банки, странска производствана компанија, приватна болница, компанија за производство на храна, бренд продавница за облека,
    • Награда за најпосакуван работодавач во рамките на нафтената индустрија,
    • Награда за апсолутен победник за најпосакуван работодавач во земјава.

    Изборот е направен врз база на интересот на потенцијалните вработени за отворените работни позиции на овие компании, како и анкетите спроведени на сајтот на Вработување.ком за испитување на јавното мислење.

    На истава манифестација, ќе бидат наградени и оние кои најдобро беа оценети од своите вработени со помош на алатката Pulser.mk, а преку која се проверува задоволството на вработените во компаниите.

    Ќе биде доделена награда и на компанијата со најдобрата Емплоер брендинг кампања. ПР активност која и те како се покажа како одлучувачка при креирањето на имиџот на компанијата, а со тоа и привлекување на потенцијалните нови вработени и задржување на веќе вработените.

    „Воведувањето на овие награди, нам, како прв сајт за вработување во земјава, кој патем ќе прослави и 20 години постоење, е наше огромно задоволство, но и наша привилегија и обрвска да ги наградиме најдобрите, да ги поттикнеме помалку добрите и заеднички да ги обединиме работодавачите. Во ова исклучително време кога пазарот на труд е прилично комплициран сметаме дека овие награди ќе направат промена на подобро и за работниците и за работодавачите“, вели генералниот менаџер на Vrabotuvanje.com, Дарко Велков

    Вработување.ком, првиот интернет пребарувач за огласи за вработување е креиран во 2003 година, а од 2017 година е партнер со Мој ПОСАО – Хрватска и е дел од  Алма кариера групација – Финска.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично