Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во септември 2021 година, во однос на септември 2020 година, изнесува 105.4.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Информации и комуникации (13.4 %), Рударство и вадење на камен (13.3 %) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (12.8 %).
Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (4.5 %), Информации и комуникации (2.5 %) и Преработувачка индустрија (2.3 %).
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во септември 2021 година, изнесува 43 137 денари.