Охридска банка АД Скопје ги известува своите клиенти дека ќе врши предвремена исплата на пензии за септември 2020 година во периодот 28.09.2020 година – 01.10.2020 година согласно Информацијата за исплата на пензии за септември 2020 година на македонската влада.
Од 28.09.2020 година (понеделник), за корисниците на пензија, иматели на платежни картички, пензијата ќе биде достапна преку мрежата од 120 банкомати на Охридска банка АД Скопје и Шпаркасе банка Македонија каде што подигањето на средства е без провизија.
Охридска банка ќе врши готовинска исплата на пензии преку мрежата на експозитури. Исплатата на пензиите ќе се врши според редоследот утврден од владата:
Датум | Пензија |
28.09.2020 (понеделник) | До 11 000 денари |
29.09.2020 (вторник) | Од 11 001 до 14 000 денари |
30.09.2020 (среда) | Од 14 001 до 18 000 денари |
01.10.2020 (четврток) | Над 18 000 денари |
Охридска банка АД Скопје апелира до корисниците на пензија кои поседуваат платежни картички да ја подигнат пензијата преку мрежата на банкомати за да не се создава метеж во експозитурите, а корисниците на пензија кои ќе подигаат пензија на готовински начин, да одржуваат растојание од 2 метри при чекање ред.