ПОВЕЌЕ

    Почна грејната сезона, парното засега со иста цена

    Време зa читање: < 1 минутa

    Без дефекти во централниот систем на греење, топланите ја отворија сезоната на производство и испорака на топлинска енегија, во вообичаениот дневен термин од 6 до 22 часот. Со непроменета цена, барем засега.

    Од ЕСМ, воедно ги повикаа граѓаните да ги отстранат дефектите на внатрешната грејна инсталација, тоа да го пријават во Центарот за грижа за потрошувачи и да овозможат непречен пристап на екипите на компанијата.

    Исто така, информираат од компанијата, поради временските прилики се прави дневен прекин во испораката на топлинска енергија. Но, ако надворешните дневни температури по 15 часот се под 15 степени, тогаш централното греење повторно се вклучува.

    Граѓаните ќе плаќаат парно по иста цена. Сепак, според регулаторите, одлуката за корекција ќе се донесе по завршувањето со активностите за поставување на топловодните цевки на мостот „Беласица“. И се додека се изведуваат работите, ќе се користи алтернативниот вод на железничкиот мост, за кој од ЕСМ посочуваат дека има капацитет за непрекинато снабдување со топлинска енегргија.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично