ПОВЕЌЕ

    „ПАРИ“ АНАЛИЗА: Откријте какви биле платите пред 25 години и кои најмногу пораснале?

    Време зa читање: 4 минути

    Во далечната 1996 година просечна нето-плата во државата била 8.817 денари. Во тоа време најпрофитно било да се работи во производството на нафта и нафатени деривати, односно во „Окта“ која се уште не била продадена на „Хеленик петролеум групација“, туку дел од акционерскиот капитал припаѓал на вработените, а дел на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.Тогаш, вработените во производството на нафта и нафтени деривати имале просечна нето-плата од 13.689 денари, или за околу 50 % повеќе од просекот.

    Потоа, во најголемите плати влегувале оние од секторот преработка на хемиски производи со просечна плата од 12.669 денари, па од Електростопанството со плата од 11.896 денари. И во тоа време, меѓу најниските плати биле во производството на облека каде што во прсек се земале по 5.890 денари но сепак, овој износ бил поголем во однос на просечната плата и изнесувал 66,8 проценти, за разлика од сегашниот просек во компнаиите што произведуваат облека, каде просечната плата е 18.864 денари, што е 64,7 проценти од сегашниот републички просек. Производителите на храна, пред 25 години, заработувале по 8.450 денари (слично на просечната плата), а производителите на алкохол по 13.147 денари.

    Сега пак, производителите на храна заработуваат значително помалку од просекот, дури 20% помалку, а производителите на алкохолни пијалоци се и сега се над просекот. Она што може да се забележи е дека тогаш градежништвото стоело многу полошо од сега. Имено, просечната нето-плата во овој сектор била 6.529 денари и била 74% од просечната нето-плата. Последните статистички податоци за октомври 2021 година, покажуваат дека сега просечната плата во градежништвото е 27.887 денари, што е 95,7% од републичкиот просек.

    Уделот на платите на одделни дејности во републичкиот нето-просек

    Дејности1996 година2021 година (октомври)
    Производство на облека66,8%64,7%
    Производство на храна95,8%80,0%
    Градежништво74,0%95,7 %
    ПРОСЕЧНА ПЛАТА8.817 денари29.145 денари

     Извор: Државен завод за статистика

    Секако, пред 25 години имаше поинаква сопственичка структура во државата, на пример, Електростопанство се уште не беше приватизирано и го има како посебен сектор за плати, а во меѓувреме се случи и една цела ИТ револуција, па согласно на тие потреби се промени „секторирањето“ од страна на Државниот звод за статистика. Сега веќе, посебно се издвојува компјутерското програмирање и таму просечната плата е 73.540 денари, што е два ипол пати повеќе од републичкиот просек. Може да се збаележи дека вакво отскокнување во однос на просекот пред две ипол децении немало, односно тогаш платите многу поблиску се движеле околу просекот. Инаку, пред една година просекот во компјутерско програмирање бил 66.831 денари, а во октомври 2019 – 60.899. Всушност, компјутерското програмирање како посебна статистичка ставка во секторот информации и комуникации може да се види во поново време.

    Секторот „информации и комуникации“ годинава избива на прво место по платите, а лани беше на второ.

    Во 2005 година, пак ТОП 5 сектори по плати биле: „Финансиска дејност и осигурување“, „Информации и комуникации“, „Снабдување со електрична енергија, гас и пареа“, „Дејности со недвижен имот“ и „Други услужни дејности“. Ако се разгледа како потоа се позиционират платите во овие дејности, може да се види како во изминативе 16 години, дел од нив ја зачувале својата цврста позиција, а дел ги загубиле зарботките и станале зналително помалку атрактивни во однос на платите.

    ТОП 5 највисоки плати во 2005 година и нивно позиционирање во наредниот период

    (во денари)

    Дејности2005 (јануари)2010 (јануари)2015 (јануари)2020 (јануари)2021 (октомври)Раст 2021/2005
    Финансиска дејност и осигурување25.570 (1-во место)36.032 (3-то место)39.408 (1-во место)50.191 (1-во место)43.353 (2-ро место)168%
    Информации и комуникации19.382 (2-ро месо)31.360 (2-ро место)34.880 (3-то место)48.781 (2-ро место)55.488 (1-во место)186%
    Снабдување со електрична енергија, гас и пареа18.016 (3-то место)36.867 (1-во место)38.964 (2-ро место)43.430 (3-то место)41.675 (3-то место)131%
    Дејности со недвижен имот15.277 (4-то место)24.023 (5-то место)24.889 (8-мо место)29.078 (7-мо место)28.422 (8-мо место)86%
    Други услужни дејности14.991 (5-то место)19.255 (10-то место)25.327 (6-то место)30.985 (6-то место)35.438 (5-то место)136%
    ПРОСЕЧНА НЕТО-ПЛАТА *12.52320.33021.82827.54029.145132%

     Извор: Државен завод за статистика

    * Просечните нето-плати се за цели години ( за 2005, за 2010, за 2015 и за 2020 година), освен за 2021 година каде се однесува за октомври

    Од табелата може да се види дека платите во секторот снабдување со електрична енергија, гас и пареа станале двојно поголеми за кус период од 2005 до 2020 година и денес тие имаат речиси идентичен раст, како и растот на републичкиот просек во периодот 2005 до 2021 година. Поголем раст, од растот на просечната плата имало во финансиската дејност и осигурувањето, а најголем во секторот информации и комуникации, токму поради растот на ИТ-секторот. Платите во дејностите со недвижности растеле помалку од просечниот раст на платите и тие низ годините се позиционирале подолу на листата на исплатени плати според нивната височина.

    Во однос на растот на најниските плати, четири од петте најниски плати во периодот од 2005 до 2021 година имале поголем раст од растот на просечните плати кој во овој период бил 132%.

    5 најниски плати во 2005 година и нивно позиционирање во наредниот период

    Дејности2005 (јануари)2010 (јануари)2015 (јануари)2020 (јануари)2021 (октомври)Раст 2021/2005
    Земјоделство9.04614.73015.52321.49922.966153%
    Градежништво10.04114.93418.94524.76527.887177%
    Преработувачки сектор10.39814.31116.17923.29524.657137%
    Уметност,забава и рекреација10.77618.50519.79425.09426.704147%
    Административни и помошни услужни дејности10.84816.35715.09419.70821.08294%

    (во денари)

    Извор: Државен завод за статистика

    Редакција Пари

    Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира
    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично