ПОВЕЌЕ

    Поради пандемијата виртуелната реалност (ВР) е во подем

    Време зa читање: 2 минути

    Извештајот на PwC минатата година предвидуваше дека скоро 23,5 милиони работни места ширум светот ќе користат виртуелна реалност (ВР) до 2030 година за обука, работни состаноци или за обезбедување подобра услуга на нивните клиенти. Виртуелната реалност користена во деловните активности се предвидува да порасне од 829 милиони американски долари во 2018 година на 4,26 милијарди американски долари во 2023 година.

    Компаниите што создаваат нешто како верзија на виртуелната реалност на „Зум“, бележат пораст на користење од 1.000% од март. IrisVR, кој е специјализиран за софтвер за архитектура и планирање, тешко може да остане во чекор со побарувачката за нови претплатници, рече извршниот директор Шејн Скринтон.

    Предизвици што претстојат

    Но, со проширувањето на ВР може да има и нови можности за злоупотреба според правните експерти, како на пример нарушување на приватноста на податоците. Како што се случи со Интернет и појавата на емаил, потребно е време за законите на новата технологија да се израмнат. И треба време на компанијата да ги осознае своите најдобри практики.

    Експертите се согласуваат дека приватноста е најголемата загриженост. Постојат реални причини за компаниите да регистрираат физиолошки реакции како движење на очите или отчукувањата на срцето од корисниците. На пример, една компанија можеби ќе сака да спречи ВР болест. Но, тие информации би можеле да се користат и за да се извлечат психолошки реакции и степени на емпатија. И тие податоци се многу важни за оние што се обидуваат да допрат до потрошувачите.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично