ПОВЕЌЕ

    Отворен нов Тинекс маркет во Тетово

    Време зa читање: 3 минути

    Од денес, 23 февруари 2024 год., е отворен нов „Тинекс“ маркет во Teтово. Новиот модерен маркет се наоѓа на ул.: „Јна“ бр.1 (Dervish Cara). Жителите на Тетово отсега ќе имаат одлично снабден маркет каде што ќе можат да пазаруваат во пријатна атмосфера и да ги купуваат бараните производи, по супер цени.

    Во маркетот е интегрирана висока функционалност и естетски дизајн на ентериерот, со цел на потрошувачите да им се обезбеди лесно и удобно пазарење. Производите се позиционирани според светски стандарди за лесна достапност, а ознаките во маркетот се лесно видливи и им овозможуваат на купувачите брзо да ги најдат своите омилени производи. Во маркетот може да се најдат производи од домашно потекло, но и производи од увоз кои се достапни единствено во Тинекс маркетите.

    Покрај редовните оддели со широка палета од над  3500 производи, маркетот располага со пиљара со богата понуда на свежо овошје и зеленчук и месарница каде може во секое време да се купи свежо и квалитетно месо, преработки од месо, сувомеснати и млечни деликатеси и оддел за здрава храна.

    Продажната површина на „Тинекс“ маркетот е 350м2, а потрошувачите ги опслужуваат 13 вработени на 2 наплатни каси.

    По повод отворањето, подготвени се многу акции, попусти и подароци во период од 23.02 до 08.03.2024 година (погледнете на следниот линк: https://online.fliphtml5.com/emour/bwwc/)

    Повелете во новиот Тинекс маркет во Тетово.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично