ПОВЕЌЕ

    Која осигурителна компанија оствари добивка од 55 милиони денари?

    Време зa читање: 4 минути

    Осигурување Македонија а.д. Скопје – Виена Иншуренс Груп и 2021 година ја заврши со позитивен финансиски резултат, односно добивка пред оданочување во износ од 63.6 милиони денари и по оданочување во износ од 55 милиони денари во услови на отежнато економско окружување.

    Клучни показатели на финансиско работење на Друштвото

    Бруто-полисираната премија во 2021 година бележи зголемување во однос на минатата година од 5,62 %, односно 48.4 милиони денари, зголемувањето во однос на 2020 година се појавува во класата на осигурување на имоти 48,5 мил, осигурувања од одговорност од употреба на моторни возила во износ од 16,6 милиони денари, патничкото осигурување во износ од 2,7 милиони денари, денари додека во незгода имаме намалување во износ од 21 милион. Намалувањето во незгода се должи на исклучувањето на ризикот смрт од болест, поради промена на регулативата од страна на Агенција за супервизија.

    Настанатите нето штети бележат зголемување од 13,4% или во апсолутен износ 25,9 милиони денари најмногу во класите на автоодговорност и имоти.

    Трошоците за спроведување на осигурувањето, како најголем поединечна категорија на трошоци во нашата дејност, се поголеми во однос на 2020 година за 3,5% или во вкупен износ за 15,2 милиони денари. Додека, движењето на трошоците за стекнување, најчесто го прати развојот на бруто полисираната премија односно се за 5,5% поголеми од 2020 година.

    Во осигурителното портфолио на Друштвото најголемо учество има имотното осигурување со 48,6%, следува осигурувањето од автоодговорност со 28.4%, потоа осигурувањето од незгода со 7% и каско на моторни возила со 6.7%. Сите други видови осигурување учествуваат поединечно со помалку од 9,3% и секој поединечно не надминува 5%.

    Влијанието од пандемискиот период во 2020 година се чувствува и во 2021 година. Комбинираниот резултат на Друштвото во 2021 година изнесува 100% (98% во 2020 година).

    Нето – инвестицискиот приход во текот на 2021 година е зголемен за 10% или вкупниот ефект на инвестицискиот приход е зголемување во износ од 4,8 милиони. Зголемувањето се должи на остварена капитална добивка од продажба на финансиски средства,додека кај приходите од закупнини и приносот од финансиски вложувања има намалување поради финансиското опкружување.

    Друштвото ја оддржа ликвидноста и солвентноста на високо ниво и во 2021 година и без проблем ги исполнува своите обврски.

    Во текот на 2021 година Осигурување МАКЕДОНИЈА ад Скопје ВИГ нема промена во сметководствените политики споредено со последните ревидирани финансиски извештаи. Законските измени во Правилникот за методот на вреднување на ставките од Билансот на состојба и изготвување на финансиските извештаи а во однос на методот на вреднување на ставките во финансиските извештаи во делот на методологија за вредносно усогласување на побарувањата по основ на премија , важеа во 2020 година, Друштвото од 01.01.2021 година повторно ја применува старата методологија за вредносно усогласување на побарувањата по основ на премија, каде што е временската рамка е скратена (по конзервативна).

    Во текот на 2021 година МАКЕДОНИЈА Осигурување ад Скопје ВИГ нема распоредено и исплатено дивиденда .

    Друштвото нема проблем со ликвидноста и нема никакви кредитни задолженија.

    Исполнување на планот и очекувања за претстојниот период

    Според планот за 2022 година, очекуваме зголемување на брутополисираната премија во однос на остварената во 2021 година за околу 2%, како и одреден пораст на добивката до 25% од остварената во 2021 година.

    Во 2022 година Друштвото ќе продолжи во насока за остварување на планираните задачи и нема да има проблеми со ликвидноста и солвентноста, како и со навременото исполнување на обврските.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично