Охридска банка АД Скопје го продолжува периодот предвиден за замена на платежните картички на своите клиенти, физички и правни лица. Со тоа, овој процес ќе трае до 31 Октомври 2020 година. По истекот на овој период Банката ќе го ограничи правото на користење на картичките кои нема да бидат навремено заменети, затоа е важно клиентите да извршат навремена замена во матичните експозитури.
Со овој процес Банката ќе ги замени сите дебитни и кредитни картички на своите клиенти со нови картички, со логото на матичната групација Штаермеркише Шпаркасе. Со подигнувањето на новата дебитна или кредитна картичка, клиентите во Банката ја враќаат старата картичка која ќе биде веднаш деактивирана.
Охридска банка АД Скопје апелира до своите клиенти независно од периодот на важност на нивната картичка со старо лого, во најбрз временски период, а најдоцна до 31 Октомври 2020, кој е последен рок, да ги подигнат своите нови платежни картички.
За повеќе информации клиентите може да се обратат во контакт центарот на Охридска банка на телефонскиот број 02 15 050, или во мрежата на експозитури на Банката.