ПОВЕЌЕ

    Охридска банка ги отвора сите свои експозитури од 4-ти мај

    Време зa читање: 2 минути

     

    Охридска банка АД Скопје ги известува сите клиенти дека од 4-ти мај (понеделник), 2020 година, сите експозитури на Банката ќе бидат отворени и ќе работат со работно време 08:00ч. – 16:00 часот од понеделник до петок. Од 9-ти мај (сабота), 2020 година, експозитурите Центар Беко-Скопје и Охрид централа ќе работат со работно време 09:00ч. – 13:00 часот.

    Работните процеси во Банката се нормализираат согласно најавите на македонската влада за намалување на рестрикциите на движење, меѓутоа функционирањето на Банката ќе се одвива според почитување на превентивните мерки за заштита и безбедност на работното место.

    Охридска банка апелира на најстрого почитување на пропишаните мерки за посета на локациите каде што е достапна Банката. При посета на експозитура, задолжително е носење на респираторна маска и задолжително е одржување на растојание од 2 метра при чекање ред на на благајна или банкомат.

    За заштита на сите клиенти и на вработените, Охридска банка потсетува дека секојпат кога е можно, препорачливо е користењето на мрежата од 120 банкомати на Охридска банка и Шпаркасе банка Македонија за подигнување на готовина од дебитни картички без провизија.

    Исто така, за вршење на денарски трансакции, Охридска банка потсетува дека на мобилното и електронското банкарство се укинати провизиите за денарски трансакции до 31.05.2020 година, со што плаќата се многу полесни и побрзи, а се остваруваат од телефон или компјутер. Електронското и мобилното банкарство нудат голем сет на банкарски услуги како проверка на состојба, известување после секоја направена трансакција, менаџирање на дневен лимит на картички, менувачко работење, проверка на состојба на кредити, картички и депозити, како и многу повеќе.

    ЈАВНОТО ЗДРАВЈЕ Е ЗАЕДНИЧКА ОДГОВОРНОСТ! ОД НАС ЗАВИСИ!

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично