ПОВЕЌЕ

    Охридска банка доделува подароци за остварени Вестерн Унион трансакции

    Време зa читање: 2 минути

    Програмата за лојалност на Охридска банка Сосиете Женерал нуди нови изненадувања за корисниците на услугите на Вестерн Унион

    Програмата за лојалност на Охридска банка Сосиете Женерал нуди нови изненадувања за корисниците на услугите на Вестерн Унион.

    Имено, секој клиент за секоја остварена прва и трета Вестерн Унион трансакција реализирана во промотивниот период во која било од експозитурите на Охридска банка Сосиете Женерал, Банката доделува награда на клиентите. Актуелната промоција започна од 10 јули и ќе трае до 30 септември, 2019 година.

    Клиентите кои ќе ги исполнат условите предвидени во промоцијата се стекнуваат со право на подарок.

    Охридска банка Сосиете Женерал е долгогодишен партнер на Вестерн Унион и ги нуди неговите услуги во целата продажна мрежа од 27 експозитури низ Македонија. Со оваа услуга на Банката, се овозможува побрз трансфер на пари за деловните луѓе, туристите и патниците, голем број на семејства и останати клиенти кои користат ваков тип на финансиски услуги.

    Повеќе информации за актуелните понуди на Банката можат да се најдат на веб страницата www.ohridskabanka.mk, Контакт центар 02 15 050, или во мрежата експозитури на Банката низ државата.

    Информациите се преземени од соопштението на Охридска банка на следниов линк.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично