ПОВЕЌЕ

    Оглас за вработување во Народната банка на неопределено време

    Време зa читање: 2 минути

    Народната банка на Република Северна Македонија објавува оглас за вработување на двајца извршители на неопределено време, и тоа: 1 извршител на работно место „секретар“ во Кабинетот на гувернерот и 1 извршител на работно место „помлад сметководител“ во Рефератот за пресметковни и готовински работи во Дирекцијата за финансии, сметководство и контрола.

    Кандидатите кои ќе засноваат работен однос на работните места од точка 1, треба да ги исполнуваат следниве општи услови за засновање работен однос утврдени во Колективниот договор на ниво на Народната банка на Република Македонија: да се државјани на Република Северна Македонија, да се полнолетни, да имаат општа здравствена способност за работното место и да не им е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност.

    Висината на основната (нето) плата за работното место од точка 3 алинеја 1 изнесува 33.870,00 денари, а за алинеја 2 изнесува 38.641,00 денари.

    Висината на основната (нето) плата за работното место од точка 3 алинеја 1 за време на приправничкиот стаж изнесува 70% од основната (нето) плата и изнесува 23.946,00 денари, а за работното место од алинеја 2 изнесува 27.292,00 денари.

    Висината на основната (нето) плата за работното место од точка 3 алинеја 1  за време на пробната работа, изнесува 50% од основната (нето) плата и изнесува 17.334,00 денари, а за работното место од алинеја 2 изнесува 19.721,00 денари.

    Рокот за доставување на документите изнесува 7 работни дена, сметано од наредниот ден од денот на објавувањето на огласот, односно до 4 ноември 2019.

    Изборот на кандидатите кои ќе засноваат работен однос во Народната банка ќе се изврши во рок од 45 дена по истекот на рокот за пријавување.

    Пријавата е објавена на интернет страната на Народната банка на Република Северна Македонија

    Пријавата и потребната документација да се достават до Архивата на Народната банка на Република Северна Македонија, бул. „Кузман Јосифовски-Питу“ бр. 1 – Скопје.

    Повеќе за условите на огласот на следниот ЛИНК.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично