ПОВЕЌЕ

    Објавен планот за вработување:Ако се обучите за грижа за лицата со попреченост, плата 30.780 денари

    Време зa читање: 4 минути
    Владиниот план за креирање на нови вработувања за 2021 тежи 24,5 милиони евра. Со него ќе се опфатат 10 279 лица. Новите мерки за вработување денеска ги објави министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска.При имплементација на мерките од планот ќе бидат почитувани три принципи – принцип на побрзо враќање на работа на лицата кои го изгубиле работното место поради пандемијата,  принцип на диверзитет и инклузивност и принцип на рамномерен регионален развој. Огласите за неколку од мерките денеска се објавени од страна на Агенцијата за вработување. 

     

    -Целта на Оперативниот план е различни ранливи категории невработени лица,  млади лица, жени, лица со попреченост, лица кои ја изгубиле работата поради корона кризата побрзо и полесно да пристапат на пазарот на трудот. МТСП во соработка со Агенцијата за вработување годинешниот Оперативен план го креираше во согласност со потребите на невработените лица и на претприемачите со единствена цел да обезбедиме поголема вработливост и намалување на невработеноста, како и вадење на граѓаните од социјален ризик, рече министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска на презентација на планот. 

    Таа најави дека и годинава ќе продолжи имплементацијата на Програмата за самовработување, односно претприемништво со која што се обезбедуваат грантови во висина од пет илјади евра за еден самовработен, односно  10 илјади евра за двајца содружници.

    Значајно е, рече, тоа што оваа година грантот ќе го добијат во парични средства, а со самото тоа се забрзува и процесот на отпочнување на самостоен бизнис. 

    Ќе се имплеметира и мерка Економија на грижа, односно обука и вработување на лицата за услуги за грижа во заедницата за лица со попреченост и лица со хронична болест во заедницата обезбедуваме обука за невработени лица за стекнување на стручни квалификации и вештини.  

    -Невработените лица ќе посетуваат обуки што ќе траат три месеци за што ќе добиваат месечен надомест во износ од 9 000 денари, а обучувачите по 30 000 денари. Откако обуката ќе заврши лицата ќе се стекнат со соодветни вештини и знаења во наредните 10 месеци тие ќе обезбедуваат грижа за лицата со попреченост и лицата со хронични болести и за тоа ќе добиваат месечен надомест од 30 780 денари. Со оваа мерка планирано е да бидат опфатени 150 лица, појасни Шахпаска.   

    Продолжува и мерката Практиканство, која ќе опфати 1 413 невработени лица до 34-годишна возраст кај работодавачи од приватен сектор, меѓутоа и од граѓанските организации. Оваа мерка обезбедување стекнување на работни вештини кај млади со минимум средно образование, без работно искуство со што се зголемува нивната вработливост. Продолжува исплатата на младинскиот додаток во износ од 3 000 денари месечно на 2 500 млади лица до 23 години вработени во директно производство, како и проектот Гаранција за млади.   

    Вцепремиерот задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи истакна дека лани оперативниот план бил релизиран 94,5 проценти, а со него биле опфатени околу 11 илјади лица.  

    -Важно при илементацијата на годинешниот план ќе биде тоа што тој се базира на три принципи и тоа за прв пат се обидуваме да го воспоставиме. Прво справување со негативните последици врз пазарот на труд предизвикани пандемијата. Вториот принцип е принцип на диверзитет и инклузивност, кој ќе обезбеди правична и адекватна застапеност по различна основа, вклучувајќи ја етничката, половата, религиозната, расната и друга основа. Третиот принцип е овозможување на рамномерен регионален развој, рече Битиќи. 

    Постојаната претставничка на Програмата за развој на Обединетите нации, Нарине Сахакјан вели дека во планирањето на мерките за вработување треба да се бараат иновативни и паметни начини, со цел справување со развојните предизвици. 

    -Во 2021 УНДП ќе им помогне на Агенцијата за вработување за воведување нови иновативни шеми за вработување за најранливите групи кои се обидуваат да си го зголемат приходот и подобрат животот и да формираме поинклузивно и поправично општество, рече Сахакјан. 

    Директорот на Агенцијата за вработување Абдуш Демири истакна дека при креирање на планот Агенцијата се заложила предвид да се земат потребите кои невработените лица и работодавачите ги искажуваа во центрите за вработување со цел овој Оперативен план во вистинска збор да одговори на потребите на пазарот на трудот.  

     – Почнувајќи од денеска невработените лица и работодавачите ќе можат да аплицираат за програмите и мерките за вработување за кои утрово ги објавивме јавните огласи, , рече тој. 

     Јавните огласи за останатите мерки и програми, како вработување и раст на правни субјекти, обуките за побарувани занимања, обуките за развој на дигиталните вештини, програмите за работно ангажирање и други кои се дел од Оперативниот план за 2021 година, најави директорот, ќе бидат објавени во најскоро време во печатените медиуми на официјалната веб-страница на АВРМ. 

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично