ПОВЕЌЕ

    Новиот шеф на безбедност на Твитер е светски познат хакер

    Време зa читање: 2 минути

    Твитер го назначи еден од најпознатите хакери на светот за нов шеф на безбедност.

    Пеитер Затко, попознат по неговиот хакерски прекар Меџ ќе се занимава со безбедноста на информациите и интегритетот на платформата.

    Ќе се грижам за безбедноста на информациите, интегритетот на сајтот и платформата, физичката сигурност и за инженерскиот дел“, кажа 49-годишниот Затко.

    Пред да пристигне на Твитер, Затко ја надгледуваше безбедноста на компанијата за електронско плаќање Страјп.

    Претходно работел и во Гугл, каде управувал со грантови за проекти за сајбер безбедност на Агенцијата за напредни истражувања и проектите на DARPA .

    Тој ја започна својата кариера во 90-тите години  кога работеше тајно за владата и беше еден од лидерите на Култот на мртвата крава – хакерска група што исфрли хакерски алатки за Windows со цел да го принуди Мајкрософт да ја подобри безбедноста.

    „Не знам дали некој може да ја поправи безбедноста на Твитер, но тој би бил на врвот на мојата листа“, рече Дан Кауфман, кој ја надгледуваше работата на Затко во DARPA.

    Во јули, Твитер беше цел на голем хакерски напад, кога беше упаднато во профилите на некои од највлијателните луѓе на светот.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично