ПОВЕЌЕ

    Новиот „модел“ на Бентли ќе чини 550 долари

    Време зa читање: 2 минути

    Британската фабрика за автомобили Бентли е позната по луксузни и скапи автомобили, а еден од нивните најнови модели чини само 550 американски долари.

    Меѓутоа, во овој случај станува збор за возило со три тркала, односно количка лансирана под името „Бентли Трајк“, која производителот ја опишува како комбинација на „елеганција, функционалност и високо прилагодлив дизајн“, пишува порталот Мотор1.

    Количката е достапна во бои од палетата Бентли и е наменета за деца кои имаат најмалку една година.

    Седиштето може да се ротира за 180 степени со едноставно притискање на копче, а како што расте детето, потпирачите за нозе може да се прилагодат и конечно целосно да се отстранат за да му се овозможи на детето пристап до педалите, па количката има и функција на велосипед.

    Исто така е можно да се отстрани потпирачот за грб, преклопен заштитен капак, рачка за притискање и безбедносни ремени.

    Во зависност од возраста на детето, „Бентли Трајк“ може да се трансформира во шест различни форми. Тој е опремен со 12 безбедносни карактеристики, што го прави „убедливо најсофистициран трицикл на пазарот.“.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично