НЛБ Банка известува за прекинување на постапување согласно Уредба со законска сила за примена на Закон за данок на додадена вредност

Датум на објава: 16.09.2020

Време зa читање: 1 минутa

На 27.03.2020 година во Службен Весник бр.80, беше донесена Уредба со законска сила за примена на Законот за данок на додадена вредност за време на вонредна состојба и истата е со важност  до 20- ти септември 2020 година.

Ве известуваме дека, од 21- ви септември 2020 година, поради престанување на примена на Уредбата, Банката за валидни електронски фактури ќе ги смета само оние електронски фактури кои се издадени согласно член 53-б од Законот за данок на додадена вредност (а тоа се потпишани фактури со  примена на електронски потпис, кој е заснован на квалификуван сертификат кој е уреден со Законот за  податоците во електронски облик и електронски потпис).

Прочитајте и ...  Стопанска банка а.д. Битола - верен пријател на градот Битола и поддржувач на значаен спортски настан!

Им благодариме на сите соработници кои ја прифатија и времено ја применуваа Уредбата во делот на електронски фактури и ги повикуваме сите соработници кои се во можност, на постапување и примена на електронска фактура согласно Закон за додадена вредност, бидејќи на тој начин заедно ќе придонесеме кон побрза дигитализација на процесите и користење на придобивките од истите во деловната сфера.


Тагови: НЛБ банка АД Скопје, фактури во електронска форма,

Facebook профил: pari.com.mk

Инстаграм профил: pari.com.mk

@pari.com.mk

© Преземањето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот pari.com.mk е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со pari.com.mk, е строго забрането.


Сподели: