ПОВЕЌЕ

    Како Нетфликс оджа лекција за рекламирање на своите серии

    Време зa читање: 3 минути

    Експертите за маркетинг знаат дека скоро ниту една реклама, во кое се вложени илјадници и илјадници долари, не е толку добро и ефикасно како препораката „збор од уста“.

    Му верувате на пријателот повеќе одколку на билборд, нели? Милиони лица ја слушаа топлата препорака на нивните најблиски, поврзана со серијата „Queen’s Gambit“, а потоа кругот започна да се шири. Агенцијата за истражување на пазарот Нилсен стои зад овие веродостојни податоци и тие откриваат нешто неверојатно.

    Имено, Нетфликс, најпопуларниот стриминг сервис, ја лансираше својата нова серија на крајот на октомври. Во првите 28 дена ja гледале 62 милиони домаќинства ширум светот, стапката за преглед се калкулира доколку сте ја гледате програмата две минути или повеќе од еден кориснички пристап.

    Она што е интересно е сепак ненадејниот пораст на популарноста на оваа мини-серија, која маестрално ја отсликува заплетката на романот на Валтер Тревис од 1983 година.

    „Queen’s Gambit“ успеа да биде број 1 во САД во периодот помеѓу 26 октомври и 1 ноември (за помалку од една недела), само во САД, со вкупни прегледи од 1,85 милијарди минути.

    За споредба, на претходната листа формирана од Нилсен, која се однесува на периодот од 19 до 25 октомври – серијата беше на 10-то место, со 551 милиони минути гледаност.

    Ова се должи на препораката или така наречен „збор од уста“, со која го отворивме овој текст. Значи, на Нетфликс не и помогнаа толку огромните реклами, соопштенија на билборди или социјални мрежи, колку човечкиот збор.

    Серијата го следи животот на Бет Хармон, повлечена девојка надарена за шах, која успеа да го престигне “The Mandalorian” на Дизни Плус кој беше број еден на списокот на Нилсен. На 3-то место е серијата “Star Wars”,со прегледување од 1,03 милијарди минути.

    Кога се појави оваа „серијa над сериите“ пред повеќе од еден месец, “Parrot Analytics” објави дека побарувачката за неа е само пет пати поголема од побарувачката за просечна американска серија. Сепак, работите се свртеа.

    Како клучен датум, 20 ноември, „Queen’s Gambit“ беше гледана дури 20 пати повеќе од просечната серија во САД. Она што е уште поинтересно, а за што не информира “Parrot Analytics” е тоа што продажбата на шаховски комплети скокна за 125 проценти во Америка.

    Сепак, Нетфликс има мала несреќа што ќе ве насмее.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично