ПОВЕЌЕ

    Антикорупциска: Нема одговорност за министерката Ангеловска во случајот Еуростандард банка

    Време зa читање: 2 минути

    Нема основа за кривична одговорност за министерката за финансии Нина Ангеловска во случајот со Еуростандард  банка, но функционерката ги прекршила етичките правила. Како што констатираше Антикорупциската комисија, нејзиниот статус и овозможил да располага со информации за банката, каде што и самата била клиент.

    Повластената позиција на Ангеловска можеби довело до тоа министерката предвреме да си го повлече својот штед влог, од сега веќе банката во стечај.

    Овие информации и податоци можеле да имаат влијание врз донесувањето на нејзините одлуки поврзани со депозитот кој таа го имала во банката. Со тоа, таа е ставена во позиција да оствари предност пред останатите штедачи во банката. Како заклучок можам да кажам дека не утврдуваме кривична одговорност, меѓутоа од етички аспект го покренуваме прашањето на високо ниво, дотолку повеќе што стапуваат нови членови на Владата.” изјави претседателката на Антикорупциска комисија, Билјана Ивановска.

    Претседателката на Антикорупциска рече дека во периодот откако Ангеловска е министер за финансии одржани се два состаноци на Комитетот за финансиска стабилност на 19 март и на 30 април, но посочи и дека записниците упатуваат кон фактот дека не се разговарало за Еуростандард банка.

    Народна банка ѝ ја одзеде дозволата за работа на Еуростандард банка на 12 август, по што беше отворен стечај за банката. На 16 август, министерката Ангеловска кажа дека во два наврати користела од заштедата која ја има во Еуростандард банка, првиот пат да инвестира во инвестициски фонд, а вториот пат да си купи стан.

    Етичкиот кодекс на Владата секако е прекршен, вели Ивановска, објаснувајќи прецизно како требала да реагира министерката.

    Или ќе си ги чувам парите, а ќе се откажам од функцијата. Не сакам да располагам со службени информации кои се однесуваат на мојата приватност. Имам пари и сега доаѓам до информации, односно имам можност да дознаам, она е министерка за финансии да се разбереме, она вака треба да ги има сите информации.” – вели Ивановска.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично