ПОВЕЌЕ

    Народната банка ги објави монетарните движења за месец август 2019 година

    Време зa читање: 2 минути

    Народната банка во својот месечен извештај за монетарните движења во месец август 2019 година, објави дека вкупните депозити бележат месечен раст од 1,4%, главно под влијание на зголемувањето кај депозитите на корпоративниот сектор (учество од 79,3% во вкупниот раст). На годишна основа, депозитите забележаа еднаков раст како и претходниот месец од 10,0%, којшто се должи на зголемувањето на депозитите кај двата сектора, со поизразен придонес на секторот „домаќинства“.

    Додека, кај вкупните кредити, овој месец, е остварен месечен пад од 0,2%, којшто целосно се должи на намаленото кредитирање на корпоративниот сектор. На годишна основа продолжи растот, којшто изнесува 6,4% и главно е резултат на кредитирањето на секторот „домаќинствa“. Доколку се исклучи ефектот на извршените отписи на сомнителни и спорни побарувања под влијание на регулаторните промени, годишниот кредитен раст изнесува 7,8%.

    Монетарни движења - месец август 2019

    Анализирано според намената на одобрените кредити на физичките лица, во август кај најзастапените категории ‒ потрошувачките и станбените кредити е забележан месечен раст од 0,7% и 0,6%, соодветно, додека годишниот раст е еднаков кај двете категории и изнесува 12,4%. Овој месец, автомобилските кредити бележат месечен пад од 1,1%, додека на годишно ниво се зголемени за 5,8%. Кредитите одобрени на кредитни картички се непроменети во споредба со претходниот месец, додека на годишно ниво се намалени за 2,0%. Кај негативните салда на тековните сметки е евидентирано месечно и годишно зголемување од 1,2% и 2,4%.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично