ПОВЕЌЕ

    Најбројни меѓу подарените акции се на Либерти

    Време зa читање: 2 минути

    Акции на 13 котирани друштва биле предмет на нетрговски пренос минатата недела. Статистиката на Централниот депозитар за хартии од вредност забележала 2.899 подарени, наследени… обични акции.

    Најголемиот дел од нив, 2.195, се трансферирани во текот на првиот работен ден. Тогаш е направен и најбројниот пренос на 1.051 обична акција на Либерти АД Скопје. Исто како и на АрцелорМиттал (ХРМ), 631 на број.

    Низ овој процес минале и акциите на четирите РЖ компании: 31 на Економика, 33 на Интер-Трансшпед, 13 на Техничка контрола и 267 на Услуги.

    Податоците објавени на Македонска берза покажуваат дека над сто подарени акции има во случајот на Цементарница Усје – 150 и на Тутунски комбинат АД Прилеп – 134.

    Регистриран е пренос на сопственоста и кај 35 обични акции на Уготур АД Скопје, како и на 20 издадени од Макпетрол АД Скопје. А, тие 68 на Окта АД Скопје, се и единствените трансферирани во четвртокот.

    На двапати во оваа статистика се внесувани податоците за акциите на две друштва. На Алкалоид АД Скопје: прво 213, па потоа 220 обични акции. Исто како и на Комерцијална банка АД Скопје со првично подарените 20, по кои следувале уште 49 обични акции.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично