ПОВЕЌЕ

    Најбогатите пензионери во земјава земаат пензија колку две просечни плати

    Време зa читање: < 1 минутa

    Ги има 34-ца во земјава. Овие пензионери земаат убедливо највисока пензија во земјава и може да се пофалат со пристојна живеачка.

    Нивната пензија, според последните податоци на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ) за месец јули изнесува 57.992 денари. Сума која е колку две просечни плати на работник ако се земе во предвид дека нето просечната плата изнесува 28.721 денар.

    Вкупно пак пензионери со највисока пензија се водат 1.322-ца, а распонот на нивните месечни примања по основ на пензија се движи од 40.548 до 57.992 денари во зависност од годината кога го стекнале правото. Најголем дел или 882 се со пензија од 42.240 денари.

    Редакција Пари

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично