Финансиската писменост е еден од важните предуслови за квалитетен живот, спокојно планирање на животните трошоци и распоредување на приходите на секој поединец. Ние, во Македонската банкарска асоцијација особено внимание посветуваме на финансиската писменост на клиентите на нашите членки, банките и штедилниците, и вложуваме ресурси за нејзино подобрување, почнувајки од најраните години на децата.
Имајќи го ова предвид, Македонската банкарска асоцијација одлучи да донира 10 лаптопи на студенти и ученици кои немаат можност самостојно да набават уреди за следење on-line настава со цел да им овозможи навреме да следат настава, и да полагаат испити.
На овој начин МБА го дава својот придонес за одбележување на Деновите на финансиска писменост, која е од клучно значење за одговорно финансиско работење на секој граѓанин.
Со донацијата од МБА, стекнувањето знаење станува достапно и за оние кои не биле во можност да си обезбедат компјутер, а до пред пандемијата успешно ги исполнувале сите обврски во образованието.
Македонската банкарска асоцијација, во името на своите членки, им посакува на сите лица на кои им се донирани лаптопи успешно да се справат со сите предизвици на патот кон стекнувањето знаење, вклучувајќи го и актуелниот предизвик наметнат од пандемијата. Со својата посветеност и одговорност ќе си обезбедат успех во управувањето со личните финансии.