ПОВЕЌЕ

    Lufthanza и Air France заедно против мерките на ЕУ за борба со климатските промени

    Време зa читање: 2 минути

    Групација на авиокомпании и аеродроми побара стопирање на планираните измени на законодавство за климатски промени на Европската унија, тврдејќи дека тоа ќе ги направи помалку конкурентни со неевропските ривали, пренесува агенцијата Ројтерс.

    Како дел од мерките насочени кон воздухопловството, сектор за кој се смета дека е одговорен за до 3% од глобалните емисии, Европската унија минатиот јули ги претстави плановите кои предвидуваат построги правила за емисиите на CO2 и употребата на мешавини од синтетички горива, како и спроведување на данок на керозин.

    Групацијата, чии скоро 20 членки ги вклучуваат сите подружници на Луфтханза, Ер Франс-КЛМ и големите аеродроми како Франкфурт и амстердамскиот Шипхол, тврди дека, со овие мерки, летовите на долги релации кои се одвиваат преку неевропски аеродроми-хабови, нема да бидат подложени на истите поврзани трошоци, со што меѓународниот авио- бизнис ќе се преориентира кон превозници кои летаат на тие релации.

    Оваа групација целосно ја отфрла идејата за оданочување на керозинот и предлага доплатата за заштита на животната средина да се однесува на целата рута на летот, а не само на фидер летовите кои носат патници од ЕУ во меѓународни центри како Истанбул или Дубаи. Инаку, во принцип, групацијата, предводена од Луфтханза и Ер Франс сепак го поддржува климатскиот пакет на ЕУ познат како „Fit for 55“, кој има за цел да ги намали емисиите на стакленички гасови за 55% до 2030 година во споредба со нивоата од 1990 година, пренесува Ројтерс.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично