ПОВЕЌЕ

    Либор – од дефиниција до скандал

    Време зa читање: 4 минути

    Либор е дефиниран како каматна стапка според која една индивидуална панел банка може да позајмува средства, правејќи го тоа со барање за позајмување и прифаќање на меѓубанкарските понуди од останатите панел банки, најдоцна до 11 часот според Лондонско време.

    Важни аспекти од дефиницијата за Либор се:

    • Каматната стапка што секоја банка ја поднесува мора да биде одраз на трошоците кои таа би ги поднела, доколку би се задолжила на меѓубанкарскиот пазар.
    • Поднесените каматни стапки мора да бидат оформени според условите на Лондонскиот меѓубанкарски пазар.
    • Поднесените каматни стапки треба да се однесуваат за соодветна валута, без притоа да се дава големо значење на трошоците за претворање од една во друга валута.
    • Стапките треба да бидат поднесени од членови на банката кои имаат надлежности од сферата на менаџментот со ликвидноста на банката.
    • Под задолжување на банката, при одредување на стапката која ќе треба да се поднесе се мисли на: необезбедени меѓубанкарски финансиски средства или средства обезбедени преку примарна емисија на меѓубанкарски сертификати за депозити.

    Со развојот на нови финансиски инструменти се зголемило тргувањето кое го вршеле лондонските банкари на Лондонскиот меѓубанкарски пазар. Оваа појава ги загрижила лондонските банкари, бидејќи сметале дека ќе биде загрозен идниот раст на Лондонскиот меѓубанкарски пазар. Грижата доаѓала од отежнатото пресметување на цените на финансиските продукти, како што се опциите и своповите, и банките почнале да се залагаат за воведување на уренк кој ќе претставува основа за олесната пресметка на цената на финансисиките продукти. Затоа, под влијание на Британската асоцијација на банкари и Банката на Англија се оформиле BBALIBOR стандардите. Од 2 септември 1985 година, овие стандарди почнале редовно да се применуваат на Лондонскиот меѓубанкарски пазар.

    Панел банки – Овде спаѓаат банките кои може да си позајмуваат краткорочно по Либор стапките, а тие се водечки банки кои преку поднесувањето стапки за секоја предвидена рочност од преку ноќ па до една година влијаат врз оформувањето на Либор стапките. Изборот на овие банки се изведува секоја година од страна на ICE Benchmark Administration со помош на Комитетот за пазари на пари и меѓународна размена (FX&MMC). Панел од банки се составува за секоја валута. Тој се состои од 11 до 18 банки кои ќе бидат одговорни за одредување на Либор стапки за таа валута и за соодветните рочности. Банките што се избираат мора да бидат учесници на Лондонскиот пазар на пари. При одредување кои банки ќе бидат членки на панелот од банки се применуваат повеќе критериуми, како што се пазарниот удел на банката, репутација и соодветното знаење и искуство за валутата за која ќе учествува во одредување на Либор стапките.
    На пример, во панелот на банки кои учествуваат за одредување на Либор стапките за американскиот долар се:

    • Bank of America
    • Bank of Tokyo-Mitsubishi UFJ
    • Barclays Bank
    • BNP Paribas
    • Citibank
    • Credit Agricole CIB
    • Credit Suisse
    • DeutscheBank
    • HSBC
    • JP Morgan Chase
    • Lloyds Banking Group
    • Rabobank
    • Royal Bank of Canada
    • Société Générale
    • Sumitomo Mitsui Banking Corporation Europe Ltd
    • Norinchukin Bank
    • Royal Bank of Scotland
    • UBS AG

    Либор скандал

    Сомнежите за манипулација со Либор стапките започнале уште во 2008 година, кога била изработена студија од „Вол стрит џрнал“ каде се утврдило дека Либор стапките не соодвествувале со тековните услови односно на условите кои биле предизвикани од финансиската криза. Исто така, во 2012 година, „Фајненшел тајмс“ објавил изјава од поранешен брокер кој тврдел дека со Либор стапките било манипулирано уште од 1991 година. Овие изјави биле поддржани од BBC и Reuters. Сомнежите конечно се потврдиле со објавувањето на извештајот на Мартин Витли, директор на финансиското регулаторно тело во Велика Британија, во кој се барало оформување на нов комитет кој ќе ја пренесе контролата и администрирањето на Либор стапките на ново надворешно тело. Исто така, се предложиле и нови мерки за санкција на тие што ќе манипулираат со стапките и подобри мерки за транспарентност. Извештајот бил во целост усвоен од Владата на Велика Британија, а Британската Асоцијација на Банкари ја изгубила надлежноста за контрола и администрирање на Либор стапките, т.е. надлежностите биле превземени од Британските регулаторни тела. По овие откритија за местење на Либор стапките следувале големи истраги за сите големи панел банки како и соодветни санкции.

    Прочитај и: Либор излегува од употреба, банките мора да најдат алтернатива

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично