ПОВЕЌЕ

    Секој управител на компанија што ја злоупотребил државната помош ќе сноси кривична одговорност

    Време зa читање: 3 минути

    Првиот човек на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, на денешната пресконференција информираше за неисплатените плати од страна на компаниите кои земале финансиска поддршка.

    На 13.160 работодавачи им е исплатено вкупно 961.709.306,00 денари за исплата на декемвриската плата на 60.974 вработени. Од нив 306 работодавачи, на 992 вработени не ја исплатиле платата, а земале финансиската поддршка во износ од 16.305.020,00 денари.

    „За овие работодавачи Управата за јавни приходи изготви и достави опомени и за неисплатената плата, а по истекот на рокот од опомената, против оние кои нема да ја исплатат платата ќе следи проведување на постапка на присилна наплата на платата со блокада на паричните средства на нивните трансакциски сметки и пренос на средствата на сметките на вработените лица и на уплатните сметки за јавни приходи.

    Компаниите што не исплатиле плата се од дејностите:

    – 78 работодавачи од дејноста трговија на мало, кои примиле финансиска помош од 2.219.584 денари и на 145 вработени не исплатиле плата,

    – 44 фирми што вршат подготовка на оброци и служење на храна примиле помош од 2.239.825 денари и на 130 вработени не исплатиле плата,

    – 26 фирми од дејноста градежништво, примиле помош од 944.106 денари и на 57 вработени не исплатиле плата.

    Останатите компании се од дејностите транспорт, трговија на големо, трговија на големо и мало со моторни возила и мотоцикли и услужни дејности.

    По региони најмногу фирми што не исплатиле плата се од Скопје – 92 фирми, Тетово – 63 и Гостивар – 16.

    По спроведените мерки и активности од страна на Управата за јавни приходи, намален е бројот на компаниите кои сеуште не ја исплатиле октомвриската и ноемвриската плата, и тоа за октомври е намалено од 179 на 11 компании, а во ноември од 245 на 24 компании. Октомвриска плата сеуште не зеле 34 вработени, а во ноември 50 вработени. Кај овие компании во тек е постапка на присилна наплата на неисплатената плата од парични средства на трансакциска сметка. Намален е и бројот на компании кои не исплатиле плата за април, мај и јуни 2020 година. Така што по постапката за присилна наплата, со состојба на 2 февруари 2021 година сѐ уште не е исплатена плата за април од страна на 47 компании за 102 вработени, 33 компании за мај не исплатиле плата на 63 вработени и плата за јуни не исплатиле 54 компании за 145 вработени. Вкупниот број на компании кои сè уште не исплатиле плата за еден, за два или за сите три месеци (април, мај и/или јуни) е 109. За овие работодавачи доставени се детални податоци во Јавното обвинителство, за покренување на кривична постапка, и кај истите се извршени контроли во координација со Државен инспекторат за труд, за што ќе известиме во вторник наредната недела“, рече Лукаревска.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично