ПОВЕЌЕ

    КОЛКУ Е БОГАТА ФИРМАТА НА КОНТРАВЕРЗНИОТ АЦА БОСАНАЦ ШТО ЈА КУПИ ГЕНЕКС КУЛАТА во Белград?

    Време зa читање: 3 минути

    Контроверзите што го пратат Александар Кајмаковиќ, познат како Аца Босанац, сопственик на бројни локали во Србија, а веќе и сопственик на кулата Генекс во Белград која важи за симбол на градот, не се огледуваат во работењето на неговата компанија – „Еурека бар“ преку која учествуваше и во наддавањето на кулата и победи со понуда од 24 милиони евра. Ова компанија  има бонитетна оцена А+ покажуваат податоците од БизнисМрежа.мк.

    Компанијата “Еурека бар“ е формирана во 2011 година, а нејзина дејност се услуги за подготовка и послужување на пијалоци. Компанијата е класифицирана во средно голема. Во резимето за стопанисувањето е наведено и дека нема залог и за неа не се водат судски постапки.

    Ова е растечка компанија, за која е особено добра беше 2021 година, по падот на приходите во 2020 година која беше лоша година насекаде за угостителскиот сектор. Но, не само што во 2021 година компанијата значително се опоравува, туку успева несразмерно повеќе од растот на приходите да ја зголеми добивката.

    Компанијата, всушност редовно трупа добивки низ годините. Последните податоци до кој дојде „Пари“ за нераспределени добивки е износ од 4,5 милиони евра во 2020 година.

    Со години компанијата прави милионски приходи. Колку за илустрација, тие во 2019 година биле 4,1 милион евра, во 2020 година 3,4 милиони евра, а во 2021 година изнесувале  4,8 милиони. Со направените расходи, се остварувале позитивни деловни резултати во тековната година од 332.000 евра за 2019-та, 229.000 евра во 2020 година и дури 1,5 милиони евра во 2021 година, до кога има расположливи резултати. Таа година, компанијата има и капитал од 6,3 милиони евра, што е значително повеќе отколку во 2019 година кога имала 3,9 милиони евра.

    Финансиска состојба на „Еурека бар“

    Ставки20192020 2021
    Приходи4,1 милион евра3,4 милиони евра4,8 милиони евра
    Расходи 3,8 милиони евра3,2 милиони евра3,3 милиони евра
    Добивка332.000 евра229.000 евра1,5 милиони евра
    Капитал3,9 милиони евра4,6 милиони евра6,3 милиони евра

    Извор: БизнисМрежа.мк

    Александар Кајмаковиќ е познат по тоа што поседува бројни еминентни барови во Белград- тој е сопственик на ресторанот Bottega, ресторанот “Temperament” кој се наоѓа во Beton Hall, потоа ноќниот клуб “La Fayette” на улицата Караѓорѓева, клубот “Casina” во Теразие , и сопственикот на хотелот „Касина“, потоа клубот „Театро“ и сплавот „Порт“ кај Ушќе, па „Кафе театарот“ попознат како „Код коња“, па кафулињата „Бутик 1“, 2 и 3“ и ексклузивни станови под истото име, а во Скадарлија ги има„Три шешира“, „Два гулуба“ и „Златни бокал“.

    Во 2021 година беше приведен во локалот “Бутик“ под сомневање дека соработувал со познатиот српски криминалец Веља Беливук. Според пишувањето на Дневни аваз , тој  во станицата наводно изјавил дека со Беливук го запознал поранешниот претседател на Фудбалскиот сојуз на Србија, Славиша Кокеза и дека соработувал со водачот на навивачите за обезбедувањето на локалот.

    Кајмаковиќ веднаш по спектакуларното апсење во февруари 2021 година беше пуштен на слобода, а потоа во јавноста се наметна прашањето дали тој навистина е сопственик на сите локали.

    Српските медиуми пишуваа и дека Александар поседува и луксузен возен парк, а меѓу автомобилите што ги поседува се Mercedes CLK 230, Maserati, неколку џипови, меѓу кои е и Hummer.

    Редакција Пари

    Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и важат условите опишани на следниот линк.
    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично