ПОВЕЌЕ

    Која група има поголема куповна моќ – Австријците или Германците?

    Време зa читање: < 1 минутa

    Купувачката моќ на Австријците во моментов е на 24.232 евра по глава на жител годишно, што е нешто поголема од куповна моќ во Германија, но далеку зад Швајцарија.

    Според студијата за куповната моќ на институтот „Гфк“, во Германија куповната моќ во моментов е 23.637 евра по глава на жител годишно, додека во Швајцарија е далеку поголема, со 40.739 евра.

    Во рамките на Австрија, куповната моќ е рамномерно распоредена, покажуваат истражувањата.

    На прво место е покраината Долна Австрија со 25.615 евра, а на второ место е Ворарлберг со 25.535 евра, додека Виена е последна со 22.659 евра.

    Сепак, жителите на првата област во Виена имаат најголема куповна моќ со 40.187 евра.

    Куповната моќ се мери според расположливиот нето приход на жителите, вклучително и државна помош, како што се надоместоци за невработеност, додаток за деца, или пензии.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично