ПОВЕЌЕ

    Кирил Колемишевски изрази дека ќе се залага за младите преку поддршка за започнување сопствен бизнис

    Време зa читање: 2 минути

    Новиот заменик министер за економија, Кирил Колемишевски, на третиот ден од работењето како заменик министер се обрати до јавноста преку својот фејсбук профил изразувајќи благодарност на претходникот Кире Наумов и министерот за економија Крешник Бектеши.

    „Почитувани пријатели и сограѓани,
    Да се биде заменик Министер во Владата на мојата татковина, не само што претставува чест и привилегија, туку и голема одговорност.
    Своето 17 годишно работно искуство во банки, инвестициски фондови, но и како адвокат со искуство од областа на корпоративното и стопанското право, ќе го имплементирам во реализација на своите заложби за поддршка на малите и средни претпријатија, олеснување на водењето бизнис, активно вклучување на македонската дијаспора во економските текови на државата и најважно од сé, привлекување на странски инвестиции и создавање на услови за нови работни места за сите генерации.
    Во фокус на моето работење ќе бидат и младите, за кои ќе се отвораат одлични можности за вработување и кариерен напредок во приватниот сектор, како и поддршка и мотивација за започнување со сопствен бизнис.
    Сакам лично да му се заблагодарам на досегашниот заменик Министер – Кире Наумов, за несебичната поддршка и упатување во предизвиците кои следат, како и на Министерот Крешник Бектеши, за топлиот прием и отвореноста за соработка.
    Ја користам оваа прилика да и упатам честитки на новата министерка за финансии, Нина Ангеловска која треба да послужи за пример кој ќе ги охрабри младите да преземат чекори за остварување на своите соништа.
    Ви благодарам за поддршката и нагласувам дека сум отворен за сугестии и критики во секое време.“

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично