ПОВЕЌЕ

    КБ Прво пензиско друштво прослави 15 години од постоењето

    Време зa читање: 2 минути

    КБ Прво пензиско друштво АД Скопје месецов прославува 15 години од постоењето, време во кое друштвото посветено и доследно ја врши својата важна улога во општеството, а тоа е да биде сигурен и стабилен дел од пензискиот систем и од заедницата.

    КБ Прво се гордее со постигнувањата на својот тим на професионалци кои сиот овој период ревносно ја исполнуваат својата мисија – грижа за просперитетна иднина за членовите, при тоа успешно справувајќи се со сите предизвици на домашниот и глобалниот финансиски пазар. 15 години сме посветени на  иднината на нашите членови. Поврзани до целта, делувавме одговорно во општеството, се грижиме за нашите членови и креираме вредност “ ,  изјави г-ѓа Весна Стојановска, Претседател на Управниот одбор на КБ Прво пензиско друштво АД Скопје

    Друштвото, основано од ПРВА Групација од Љубљана Словенија и Комерцијална Банка АД Скопје, управува со два фонда – КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд и КБ Прв отворен доброволен пензиски фонд.

    Изминативе 15 години, 261.524 членови го доверија менаџирањето на своите пензиски заштеди во задолжителниот, втор пензиски столб, на КБ Прво пензиско друштво и заклучно со 30.04.2020 нето средствата на КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд – Скопје изнесуваа 40.224,13 милиони денари.

    Напоредно, 14.649 граѓани се зачленија во КБ Прв отворен доброволен пензиски фонд-Скопје и висината на средствата во истиот заклучно со 30.04.2020, изнесува 1.001,95 милиони денари.

    Континуираниот раст на приносите во двата фонда сведочи за тоа дека овие граѓани го направија вистинскиот избор избирајќи го КБ Прво.

    Нашата цел останува да продолжиме да бидеме вистинскиот избор за сите сегашни и идни членови на големото семејство на КБ Прво, создавајќи вредност и сигурност за пензиските денови“, порача г-дин Предраг Милошевски, Член на Управниот одбор на КБ Прво пензиско друштво АД Скопје.

    Водејќи се по препораките на здравствените власти, овој значаен јубилеј друштвото го прослави во еден поинаков амбиент, но со непроменето чувство на заедништво и колегијален дух.

    Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) www.mapas.mk, тел. 02 3224 229.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично