КБ Прво Пензиско Друштво АД Скопје донираше 5.000 маски за потребите на Министерството за здравство

Датум на објава: 11.05.2020

Соочени со последиците од светската здравствена криза и имајќи ја предвид сериозноста на ситуацијата во која се наоѓаме сите ние​, остануваме доследни на нашата примарна цел а тоа е да помогнеме на нашата заедница во справувањето во борбата со COVID-19, како и да помогнеме на нашиот здравствен систем со обезбедување на неопходната опрема.

За таа цел, КБ Прво Пензиско Друштво во координација со Министерството за здравство на Република Северна Македонија, донираше 5.000 респираторни маски од типот на KN95 и N95  како и пациент монитор, во вкупна вредност од 1.300.000 денари.

Заштитните респираторни маски имаат степен на филтрација од ≥ 95%, и задржуваат аеросоли, честички прашина, смог, бактерии и полен. Маската е со степен на заштита кој е препорачан од Светската Здравствена Организација (СЗО) како минимален стандард на заштита.

Дополнително, минатиот месец беше дониран и пациент монитор на Клиниката за инфективни болести и фертилни состојби.

“Веруваме дека изминатиот период беше лекција за сите нас, да се потсетиме на важните нешта во животот. Во време кога учиме заедно дека здравјето на сите нас е најважно, важно е да останеме поврзани до заедничката цел. Вложувајќи во здравствениот систем вложуваме во нашата Иднина, денес. “ – изјави Претседателот на Управниот Одбор на КБ Прво Пензиско Друштво АД Скопје, Г-ѓа Весна Стојановска.​


Тагови: Весна Стојановска, донација, КБ Прво пензиско друштво а.д. Скопје, Клиниката за инфективни болести и фертилни состојби, Министерството за здравство на Република Северна Македонија, Претседателот на Управниот Одбор, респираторни маски,

Facebook профил: pari.com.mk

Инстаграм профил: pari.com.mk

@pari.com.mk

© Преземањето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот pari.com.mk е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со pari.com.mk, е строго забрането.


Сподели: