ПОВЕЌЕ

    Капитал Банка АД Скопје донираше медицински материјали и заштитна опрема на Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје

    Време зa читање: < 1 минутa

    Со цел полесно справувањето на нашата земја со пандемијата предизвикана од коронавирусот, Капитал Банка АД Скопје донираше медицински материјали и заштитна опрема на Инфективната Клиника во Скопје, како поддршка во напорите на надлежните институции во справување со состојбата со COVID-19.

    Преку оваа финансиска помош Банката даде свој скромен придонес за побрзо и полесно да се надмине една од најголемите светски здравствени кризи, како и да им се олесни на медицинските работници да ги извршуваат своите задачи.

    Општествената одговорност на компаниите и воопшто на поединците во услови на пандемија е исклучително важна. Како општествено одговорна компанија имаме за цел да одговориме на предизвиците кои ни ги наметна оваа пандемија и сите заедно да го олесниме справувањето со последиците од истата и да помогнеме на оние на кои им е најпотребно.

    Капитал Банка ќе продолжи да придонесува и ќе сториме се што е во рамките на нашите можности, заедно да се справиме со оваа несекојдневна ситуација.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично