ПОВЕЌЕ

    И ПЕНИТО НА ЛИСТАТА ЗА ОТСТРЕЛ: Трамп издаде наредба повеќе да не се коваат најситните американски железни монети

    Време зa читање: 2 минути

    Американскиот претседател Доналд Трамп викендов му наредил на Министерството за финансии на САД да престане да произведува монети од пени, претставувајќи го тоа како обид за намалување на државните трошоци. „Премногу долго Соединетите Држави коваа парички од едно пени кои буквално не’ чинат повеќе од 2 центи. Ова е толку расипничко!“, напиша Трамп на својата платформа Truth Social. „Му наложив на мојот министер за финансии на САД да престане да произведува нови пенија“.

    Таканаречениот Оддел за владина ефикасност – иницијатива за намалување на трошоците, предводена од милијардерот Илон Маск, која помогна да се намали федералната потрошувачка – ги истакна трошоците за производство на пени во пост на X во јануари.

    Дебатите за трошоците за производство на пени не се нови во Соединетите Држави, бидејќи во Конгресот беа воведени неколку нацрт-закони кои не беа усвоени.

    За наредбата на Трамп веројатно ќе биде потребно одобрение од законодавците, но министерот за финансии Скот Бесент можеби ќе може едноставно да го запре ковањето на нови пени, напиша во јануари професорот по економија Роберт Трист од Универзитетот Североистерн. „Цените најверојатно ќе бидат заокружени до најблиските пет центи доколку се отстранат пените“, рече Трист.

    Канада објави во 2012 година дека го елиминира пенито од својот систем на монети, наведувајќи ги трошоците за производство од по 1,6 центи и падот на неговата куповната моќ поради инфлацијата.

    Трамп го направи намалувањето на федералниот буџет истакнат дел од неговата нова администрација, при што тимот на Маск – DOGE има задача да ги истражува владините трошоци. Сепак, законитоста на некои од напорите на администрацијата – вклучително и намалувањето на бројот на вработени на Американската агенција за меѓународен развој – беше оспорена на суд од страна на демократите и синдикатите.

    (Фото: Њузмакс)

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично