ПОВЕЌЕ

    Халкбанк го превзема платниот промет! Плаќањата во Пошта ќе бидат со пониски провизии

    Време зa читање: 3 минути

    Од први март плаќањата во Пошта ќе бидат со пониски провизии.

    Граѓаните ќе можат да ги плаќаат своите сметки на шалтерите во Пошта, додека договорот со Халкбанк се очекува да биде потпишан до крајот на годината.

    Обврска на банката е најдоцна за два месеци да започне, а се очекува дека на први март следната година, граѓаните ќе можат да плаќаат, по најниска провизија.

    “Враќањето на репутацијата која порано ја имаше Пошта е приоритет кој го работиме. Средствата кои ги даде Владата ќе бидат насочени за исплата на платите,изјави првиот човек на Пошта.

    Да потсетим Пошта на Северна Македонија “ е единственото Акционерско друштво во овој бизнис во земјава. Иако ги прави најголемите приходи и го има најголемиот број на вработени во оваа дејност, сепак ова Акционерско друштвото што е во раце на државата, работи со загуба.

    Минатата година „ Пошта на Северна Македонија “ има приходи од 19,4 милиони евра, каде работат 2.054 луѓе. Со години наназад е на удар на јавноста дека е претворена во институција за згрижување на партиски кадри. Дополнително, последниот ревизорски извштај обелоденува дека, иако во оваа компанија што е во раце на државата, се трупале загуби сепак менаџментот си обезбедил бонуси. Ревизорскиот извештај покажа дека компанијата има загуба од околу 10 милиони евра, а истовремено се склучувале договори за премии од осигурување за досегашните директори, обезбедувајќи на тој начин високи бонуси за нив.

    Софтверот за работа во Македонска Пошта ќе биде истиот што бил користен и во Еуростандард банака, а со тоа нема да има потреба вработените да одат на дополнителни обуки.

    Веќе пет месеци, Пошта е без платен промет откако пропадна Еуростандард банка која имаше ексклузивен 15-годишен договор, и на располагање  да управува имаше околу 300 шалтери ширум земјава, за вршење на платен промет.

    Оттогаш филијалите на пошта функционираа само за испраќање на пратки и писмаа граѓаните неможат да плаќаат сметки, ниту пак да чекаат поштар да им ја донесе пензијата на домшна адреса.

    Владата на Република Македонија во својство на Собрание на акционери на Акционерското друштво за поштенски сообраќај „Пошта на Северна Македонија” во државна сопственост – Скопје, ја прифати како најповолна понудата на Халкбанк АД Скопје согласно двата усвоени критериума за евалуација на понудата, и тоа во однос на рокот за почеток на имплементација на договорот од два месеца, како и во однос на процент на поделба на остварениот заеднички приход во висина од 71 отсто за „Пошта на Северна Македонија” со 29 отсто за Халкбанк АД Скопје.

    Халкбанк има огромен потенцијал, брзо расте и се очекува максимално да ја ‘’искористи’’ Пошта, која има експозитури и на планински места, каде што нема друга банка, нудејќи им свои или на деловни партнери финансиски производи на шалтерите.

    Да потсетиме, Халкбанк во првиот квартал годинава имала 19,42% од вкупниот број на отворени трансакциски сметки од новоснованите компании. Сумирано во 2019 година, во оваа банка која се посилно пенетрира на пазарот, отпаѓаат 8,51% од вкупниот број на трансакциски сметки на новоснованите компании во земјава во текот на минатата година. Односно, Халкбанк забележува најбрз развој по однос на тоа каде новите компаниите одлучуваат да отворат сметки.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично