„Global Finance“ ја прогласи Охридска банка за „Најдобра банка во Македонија” за 2020 година

Датум на објава: 19.05.2020

Петта година по ред, светскиот финансиски магазин „Global Finance“, ја прогласува Охридска банка, за Најдобра банка во Македонија.

Оваа публикација, издадена од Светска Банка, 27-ми пат по ред ја објавува листата на добитници на престижната награда „Најдобра банка“ за земјите од Централна и Источна Европа.

Единствена банка од Македонија, која петта година во низа ја добива оваа награда е токму Охридска банка, која од неодамна е дел од Шпаркасе Групацијата.

Според Уредувачкиот одбор и Директорот на Глобал Фајненс г. Џозеф Д. Гиарапуто, банкарската индустрија се повеќе се соочува со зголемените барања на клиентите за безбеден пристап во рално време, целосна контрола и широка флексибилност во работењето.

Токму Охридска банка, постојано работи во насока на остварување на сите специфични барања на клиентите, следење на пазарните трендови, воведување иновативни производи, како и интензивирање на користењето на е-сервиси кои се безбедни и достапни за сите клиенти.

„Да се биде прогласен пет години по ред за Најдобра Банка во Македонија, особено од страна на врвен банкарски авторитет во светот, како што е Global Finance претставува огромна чест, но и голема одговорност. Ова е историска година за Охридска банка од повеќе аспекти. Се наоѓаме во период на интеграција на Охридска банка со Шпаркасе Банка Македонија, и континуирано работиме во насока на поставување на силна и значајна системска банка која ќе биде 4-та по големина во банкарскиот сектор во земјата. Продолжуваме кон нашата стратешка цел, и силно верувам дека сите наши резултати и достигнување ќе дадат силна потпора во креирањето на уште посилна и помоќна Шпаркасе Банка Македонија, која се очекува да биде целосно интегрирана во Мај 2021 година.

Од друга страна пак, соочени сме со неизвесностите кои ни ги донесе корона кризата и исправени сме пред предизвикот да одговориме соодветно на потребите на нашите клиенти, на институциите, на економијата и на нашите вработени. Ваквите меѓународни признанија се уште една потврда за улогата која ја има Охридска банка во банкарскиот сектор во земјата, за нашата стабилност, конзистентност и посветеност и во вонредни услови“, изјави Нина Неданоска, Претседател на Управниот Одбор на Охридска банка.

Наградата на Охридска Банка за „Најдобра банка во Македонија за 2020“ ќе и биде доделена на свечена церемонија на 17 октомври 2020 година во рамките на годишното собрание на ММФ / Светска банка (IMF/World Bank) во Вашингтон, САД, каде на едно место ќе се сретнат претставници од 23. најдобри банки од Централна и Источна Европа.


Тагови: Global Finance, Најдобра банка, Најдобра банка во Македонија, Нина Неданоска, Охридска банка АД Скопје, признание,

Facebook профил: pari.com.mk

Инстаграм профил: pari.com.mk

@pari.com.mk

© Преземањето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот pari.com.mk е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со pari.com.mk, е строго забрането.


Сподели: