ПОВЕЌЕ

    Германија гради фабрики за чипови, а нема стручен кадар: Во ИТ секторот празни 137.000 места

    Време зa читање: 2 минути

    Германија планира изградба на нови фабрики за чипови, неопходни за индустријата. Државата ја помага изградбата, но проблемите се од сосема поинаква природа – нема кој да работи во нив. Мора да се тргне офанзивно за да се обезбедат стручњаци кои ќе работат во тие фабрики, сугерираат од здружението „Битком“.

    „Со милијарди евра, пари на даночните обврзници, ги поддржуваме новите фабрики за чипови, но потребни се и финансиски средства за обука на квалификувани работници кои таму ќе работат. Без оглед дали ќе се обезбедат од буџетите на сојузната влада или на покраинските“, изјавил претседателот на „Битком“, Ралф Винтергерст, пренесува ДПА. И додал дека во ИТ секторот сега се слободни 137 илјади работни места.

    Со помош на државата производителите на чипови ќе градат фабрки во Магдебург и во Дрезден. Околу 90 отсто од компаниите во индустријата користат полупроводници, а за 80 проценти се неопходни.

    Претседателот на „Битком“ апелирал да се олесни влезот за квалификувани работници во Германија, бидејќи тие можат да се вработуваат насекаде низ светот. Бирократските процеси и натаму се толку компликувани, што не допуштаат врвни стручњаци да се донесат во земјата, и покрај изразената политичка волја, посочил Винтергерст.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично